Хијака (месечина)
Хијака (хавајски: Hiʻiaka) — поголемата надворешна месечина на џуџестата планета Хаумеја. Наречена е по божицата Хијака, една од ќерките на Хаумеја и заштитничка на Големиот Остров на Хаваите. Прави едно свртување за 49,12 ± 0,03 дена, при растојание од 49.880 ± 198 км. Има занесеност од 0,0513 ± 0,0078 и наклон од 126,356 ± 0,064. Претпоставувајќи дека има пречник од 300 км, таа е четврта или петта по големина месечина на заднептунско тело, по Харон, Дисномија (месечина), Вант, многу веројатно Илмаре/Варда, а можеби и Актеја. ОткривањеОва е првата откриена месечина на Хаумеја, забележана на 26 јануари 2005 г. Пред да биде усвоено официјалното име, го носела прекарот „Рудолф“ по еден од елените на Дедо Мраз. Физички особеностиГолемина и сјајностХијака има измерена сјајност од 5,9 ± 0,5 %, што значи дека има пречник 22 % од џуџестата планета, односно околу 320 км, претпоставувајќи слично инфрацрвено албедо.[1] За споредба, кога Хијака би била во астероидниот појас, таа би била поголема од сите освен четирите најголеми астероиди (1 Церера, 2 Палада, 4 Веста и 10 Хигија). И покрај нејзината големина, проучувањата на нејзината светлинска крива укажуваат дека Хијака не е гравитациски сплеснат сфероид; they further suggest that Хијака не е во гравитациски зафат и има вртежен период од околу 9,8 часа.[2] МасаМасата на Хијака се проценува на (1,79 ± 0,11)⋅1019 кг користејќи прецизна релативна астрометрија од вселенските телескопи „Хабл“ и „Кек“, и применувајќи го трителесниот масеноточкест модел врз Хаумеиниот систем.[1] Спектар и составВо близуинфрацрвениот спектар на Хијака преовладуваат впивни појаси кои упатуваат на површина сочинета од замрзната вода во кристален облик. Засега не е познато зошто мразот не добил аморфен облик, што би се очекувало поради постојаното дејство на космичките зраци.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia