Хиперион (месечина)![]() Хиперион — позната и како Сатурн VII, е месечина на Сатурн откриена од страна на Вилијам Кренч Бонд, Џорџ Филипс Бонд и Вилијам Лејсел во септември 1848 година. Браќата Бонд и Вилијам Лејсел ја откриле оваа месечина независно едни од други во период од два дена. Хиперион е месечина со неправилен облик, со средна ширина од 280 километри. Поради ова тоа е едно од најголемите тела што нема топчест облик во Сончевиот Систем. Се движи по елиптична орбита веднаш зад најголемата месечина на Сатурн, Титан. Додека кружи, та се движи хаотично; оската на ротирање се ниша, па изгледа дека месечината се тркала при своето движење. На површината има кратери и делови од спили. Нејзиниот облик и оштетената површина, можеби, се доказ дека Хиперион е дел од поранешно поголемо небесно тело што било уништено при поголем удар. Користена литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia