Ганимед (грчки Γανυμήδης) е месечина на Јупитер, наречена по митолошкиот Ганимед. Ова е најголемата месечина во Сончевиот Систем и е поголема од Плутон. Кружи околу Јупитер на далечина од 422.000 километри. Полупречникот му е 2631 км, а масата 1,48 × 1023кг.
Физички одлики
Со минување на леталото Галилео, се покажало дека Ганимед е составен од четири слоја: мало јадро од течно железо и сулфур, замрзната силикатна обвивка, длабок солен океан, и надворешна замрзната кора.
Релјеф
На површината на Ганимед има два вида релјеф: многу стари темни подрачја густо прекриени со кратери и помлади посветли подрачја испресечени со пукнатини и гребени, за кои се смета дека имаат тектонско потекло. Според инфрацрвените фотографии, заклучено е дека посветлите подрачја имаат висок процент на мраз, додека потемните имаат повисок процент на карпи.
↑Hall, D.T.; Feldman, P.D.; и др. (1998). „The Far-Ultraviolet Oxygen Airglow of Europa and Ganymede“. The Astrophysical Journal. 499 (1): 475–481. Bibcode:1998ApJ...499..475H. doi:10.1086/305604.