31 Евфросина
Евфросина (31 Евфросина) — мошне млад астероид кој го зазема 9. или 10. место по големина во астероидниот појас. Откриен е од шкотско-американскиот астроном Џејмс Фергусон на 1 септември 1854 г. како првиот астероид пронајден од Северна Америка. Наречен е по Евфросина, една од харитите од старогрчката митологија. Во 2019 г. е откриена мала придружна месечина. Ова е трет астероид по округлост (по 1 Церера и 10 Хигија), што се смета дека се должи на повторно насобирање по претрпен судир, и затоа телото не е блиску до хидростатичка рамнотежа.[2] НабљудувањаОва е прилично темно тело близу надворешниот раб на појасот. Не е видлива со двоглед, со оглед на тоа што има најголема привидна величина од +10,2 при најповолна положба — послаба од сите триесет претходно откриени астероиди.[6] Евфросина има голем орбитален наклон и занесеност, со јазли близу перихелот и афелот; нејзиниот перихел лежи во најсеверната точка на орбитата. За реме на перихелските противположби, астероидот е многу високо на небото гледајќи од северни ширини и не е видлива од јужните земји како Нов Зеланд и Чиле. ПовршинаТелото претставува астероид од типот C со примитивна површина можеби прекриена со тенка прекривка од исфрлен материјал поради судирот во кој настанале нејзината месечина и судирно семејство. Нема длабоки вдлабнатини. Сите каратери со пречник над 40 км мора да имаат рамно дно за да не се видливи, што одговара на ледениот состав од типот C. Отсуството на картери може да се должи и на младоста на површината.[2] Маса и густинаПо откривањето на месечината, во 2020 г. за првпат се направени точни мерења на масата на Евфросина — (1,7 ± 0,3)⋅1019 кг и густина од 1,7 ± ,2 г/см3. Малата густина упатува на заклучок дека половина телото се состои од воден мраз, ако внатрешната порозност изнесува 20 %.[2] Месечина и семејство
Евфросина има сложено семејство од две илјади астероиди кои делат слични спектрални својства и орбитални елементи. Се смета дека настанале со судир пред околу 280 милиони години.[2] Сите имаат релативно висок орбитален наклон.[7] Второто по големина тело во групата (895 Хелио) најверојатно е натрапник.[8] Во 2019 г. е откриена мала месечина, појавена како последица од истиот судир што го создал семејството. Првичните пресметки даваат орбитален период од 1,2 дена и голема полуоска од 670 км. Од сликите се гледа дека месечината има пречник од 4 км, претпоставувајќи исто албедо како Евфросининото.[2] Галерија![]() Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia