Корез
Корез (француски: Corrèze; окситански: Corresa) — департман во Франција, именуван по реката Корез што минува низ него. Иако нејзината префектура е Тил, најнаселен град е Брив-ла-Гајард. Корез се наоѓа во регионот Нова Аквитанија, на границата со Окситанија и Оверњ-Рона-Алпи. Во 2019 година, Корез имал население од 240.073,[2] распределено во 279 општини. Нејзините жители се нарекуваат корезијци (Corréziens) (машки) и корезијки (Corréziennes) (женски). Неговиот INSEE и поштенски код е 19. ГеографијаДепартманот го сочинува најголемиот дел од Долен Лимузен и своето име го должи на реката Корез чиј целокупен тек минува низ средиштето и низ двата главни града, Тил и Брив. Тил е префектура на Корез, а Брив-ла-Гајард е најголемиот град. МестоположбаОд 2015 година, департманот му припаѓа на регионот Нова Аквитанија. На север, се граничи со департманите Горна Виена и Крез, на исток, со департманите Пиј-де-Дом и Кантал, на југ со оној на Лот и, конечно, на запад со департманот Дордоња. Геологија и релјефСместено западно од Централниот Масив, се состои од три зони: планини (Montagne), висорамнините и басенот Брив. Врвот на планините на 977 m на планината Бесу . Нејзината формација на Ренохерцинската зона е доста еродирана. Платоата имаат длабоки долини кои се упатуваат кон реката Дордоња, при што се образувани водопадите Жимел. Југозападно од Корез, таложниот слив Брив ужива поповолна клима. Постојат ридови од песочник како Колонж-ла-Руж. ХидрографијаНиз департманот минуваат неколку реки, како што се Везер, Корез или Дордоња. КлимаДепартманот преминува помеѓу Аквитанија и Централниот Масив, при што постепено се издигнува од сливот Брив до Плато де Милеваш, од каде почнува атлантскиот слив. Овој релјеф ја објаснува широката разновидност на клими на Корез. Главни градовиНајнаселена општина е Брив-ла-Гајард, префектурата Тил е втора најнаселена. Во 2019 година, имало 7 општини со повеќе од 4.000 жители:[2]
ИсторијаКорез е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Вклучува дел од поранешната покраина Лимузен (Долен Лимузен). Во рамките на Корез, железничките планери од деветнаесеттиот век, делумно под влијание на топографијата на департманот, му обезбедиле на Брив ла Гајард добри врски и голем јазол од каде излегувале железнички линии во шест насоки. Железницата пристигнала во 1860 година, во погоден момент, непосредно откако филоксерата ја уништила месната винска индустрија. Новата железница им овозможила на стопанствата во областа околу Брив да се определат за производство на овошје и зеленчук што сега можеле брзо да ги превезат до поголемите населени места во Средна и Јужна Франција. Локално, новото земјоделство го поттикнало развојот, во басенот Брив, на сродни дејности и индустрии како што се производството на џемови и пијалaци, како и дејности за пакување на основа на дрво/хартија. ДемографијаПописот од 1851 година забележал население од 320.866 жители. Истото останало постојано до крајот на деветнаесеттиот век. Меѓутоа, во текот на дваесеттиот век, Корез ја доживува судбината на многу селски департмани во земјата бидејќи населението постојано опаѓа.
ПолитикаПретседател на Генералниот совет бил Франсоа Оланд од Социјалистичката партија до 2012 година кога бил избран за претседател на Републиката. Жак Ширак долги години бил пратеник од овој департман во Националното собрание.
Сегашни претставници во Националното собрание
ТуризамПознати личностиЛуѓе кои се родени или значително живееле во Корез:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia