Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Долно Мелничани
Воведение на Пресвета Богородица (позната како Света Пречиста) — главна селска црква во дебарското село Долно Мелничани, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на сретсело, сместена непосредно до регионалниот пат 2249, кој поминува низ селото Долно Мелничани. Во црковниот двор се наоѓаат селските гробишта. ИсторијаЦрквата е изградена во XIX век.[2] Храмот е изграден во 1884 година од мајсторот Павле од струшкото село Луково. Организатор на изградбата бил Ристе Поте од Долно Мелничани.[3] КражбиВо јануари 2013 година во црквата била извршена тешка кражба каде биле украдени седум вредни икони, меѓу нив и голема икона на Света Богородица од иконостасот, потоа две целивни икони, како и царевите двери, сите од XIX век и дело на Дичо Зограф.[4] АрхитектураФрескоживописФреските и иконостасот ги изработил Исо Џиков од дебарското село Осој, а осветувањето е извршено во 1885 година.[3] ИконостасВо црквата се наоѓаат дела од јеромонахот Иоаноич Антониј, кои потекнуваат од 1816 година.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia