Општина Центар Жупа
Општина Центар Жупа — општина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Центар Жупа. Општината се наоѓа во дебарскиот регион и опфаќа 23 села, од кои некои се сосема раселени. ГеографијаОпштината се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 107,21 км2. На север, исток и запад општината граничи со општината Дебар, а на југ со Струга. Во општината се наоѓа планината Стогово и Дебарското Езеро. СтопанствоГлавен стопански објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Населението воглавно се занимава со трговија, сточарство, земјоделство и шумарство. Сепак, добар дел од населението е иселено во странство и приходите кои се испраќаат од иселениците се значајни за економијата на населението. Демографија![]() ![]() Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 6.519 жители со густина на население од 60,81 жител на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]
ИселеништвоДобар дел од населението е иселено во странски држави. Најголем број од иселените се во Италија, но и во другите европски држави. Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Центар Жупа е Аријан Ибраим од редовите на ДПТ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[4] Советот на општина Центар Жупа е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ДПТ: 4 места СДСМ: 3 места ВМРО-ДПМНЕ: 2 места ДНЕТ: 1 место ДУИ: 1 место Во склоп на општина Центар Жупа се следниве села: Бајрамовци, Баланци, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Мелничани, Евла, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Праленик, Центар Жупа и Црно Боци. Културни и природни знаменитости
Општествени установи
Личности
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia