Црква „Св. Димитриј“ - Броштица
Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Броштица, Македонија.[1] Црквата е руинирана, при што е целосно срушена припратата, додека самата црква е зачувана откако биле поставени столбови во 2007 година.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа сосема надвор од селото Броштица, сместена во длабока шума. До црквата може да се стигне единствено пеш следејќи козји патеки во времетраење околу половина час одење од последните куќи на селото Броштица. ИсторијаТаа е единствената преостаната црква од трите во селото, кои се срушиле поради ерозија на земјиштето. Поради фактот дека православното население од Броштица е иселено, за црквата се грижи локалното муслиманско население.[3] Црквата е изградена во 1868 година, како што е испишано и на самата црква при нејзиниот влез. Била реновирана во 2007 година. КражбиНа почетокот на мај 2013 година, црквата била осквернавена од трагачи на закопано богатство. Тогаш било копано кај престолот и на уште неколку места во црквата, а ископан бил и еден гроб.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia