Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Кратово
Св. Никола Чудотворец — православна црква во градот Кратово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Историја![]() Црквата се наоѓа во источниот дел на населбата Царина и се смета за најстара сè уште постоечка црква во градот. Храмот своевремено бил катедрала на Кратовските епископи, за што сведочи една преписка од 1666 г. во евангелие подарено на црквата.[1] Храмот на многу наврати е рушен и одново граден. Последен пат настрадал во 1822 и обновен е во 1848 г.[1] Во 1890 г. во црковнот двор двор западно од храмот е подигната зграда на бугарско училиште, познато како Старовремска школа.[1] АрхитектураЦрквата е еднокорабна и едноапсидна. Изградена е од делкан камен и малтер. Има димензии од 10,5 м во должина, 5,90 м во ширина и 6,80 м во висина.[1] ВнатрешностВнатрешноста на црквата е насликана од преродбенички мајстори. Иконостасот е изработен при обновата на храмот во 1848 г.[2] Има богата резба и вредни икони, некои од XVI век.[1] Главната икона на Свети Никола е дело на истакнатиот крушевски зограф Никола Михајлов.[3] Иконата „Света Богородица Умиление“ е од XV век.[4] За мошне вредни се сметаат и царските двери. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на најразлични цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[5] Слични двери имаат и црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Богородица“ во Ранковце и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[6] Дверите се одново насликани во XIX век од самоковски мајстор, веројатно Захариј Зограф. На хетерогениот иконостас има неколку непотпишани икони, кои би можеле да му се припишат на Захариј.[7] Во црквата има и икони кои му се припишуваат на Крсте Зограф од Велес.[8]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia