Црква „Св. Богородица“ - Ранковце
Св. Богородица — православна црква во кривопаланечкото село Ранковце, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Ова е гробишна црква, изградена од ХVI до почетокот на XVII век под името „Св. Никола“ и обновувана е барем трипати. Последната поднова е направена во 1840 г. за што сведочи натпис во храмот.[1] Од старата црква зачувани се северниот ѕид, источниот ѕид и дел од апсидата.[1] Сочувани се и дел од старите живописи.[1] Во храмот има шест недатирани царски икони кои му се припишуваат самоковскиот живописец Димитар Зограф.[2] Во југозападниот агол на црквата е гробот на нејзиниот обновувач Иван Станковиќ од Ранковце, кој починал во 1847 г.[3] Во 1885 г. црквата е живописана од видниот дебарски мајстор Аврам Дичов,[4] помогнат од Мирон Илиев,[5] Григор Петров[6] и Петар Новев.[7] Зографите го оставиле следниов натпис:
Врз старите фрески и врз оние на Аврам Дичов има разни натписи.[1] Од голема уметничка вредност се царските двери од XVI – XVII век. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на многубројни цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[8] Слични двери имаат црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[9] Подоцна селаните ја преименувале црквата во „Света Богородица“ бидејќи постојано се уривала.[10] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia