Црква „Св. Јован Крстител“ - Воиславци

Свети Јован Крстител

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Радовишко
Парохија Ораовичко-воиславска
Местоположба

Карта

Координати 41°35′30.1″N 22°27′29.5″E / 41.591694°N 22.458194°E / 41.591694; 22.458194
Место Воиславци
Општина Радовиш
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Јован Крстител
Изградба 1996
Осветување 18 септември 2005
Архитектонски опис

Свети Јован Крстител — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

Историја

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен во 1996 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Црквата била осветена на 18 септември 2005 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.[1]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена затворена припрата во којашто се влегува од северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата не е живописана, а иконите се изработени од зографите: Крсто Тарабунов, Тони и Ромео од Радовиш.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya