Црква „Св. Илија“ - Воиславци (нова)
Свети Илија — манастирска црква на Воиславскиот манастир „Св. Илија“. ИсторијаКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2002 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. Црквата била осветена на 22 април 2007 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[1] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна кон којашто е доградена отворена припрата, а над влезот од припратата има плитка квадратна ниша со мозаик на којшто е прикажан Свети Илија. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се забележливи на рабовите од вратите и прозорците, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Иконите во црквата се изработени од зографот Тони од Радовиш.[1] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia