Црква „Св. Атанасиј“ - Модриште
Свети Атанасиј Велики (позната и само како Свети Атанас) — главна манастирска црква на средновековниот Модрички манастир во поречкото село Модриште.[1] Манастирската црква е изградена во 1728 година[2] и претставува споменик на културата заштитен со закон.[3] ИсторијаВо пишаните извори од 1316 година црквата била спомената под името „Света Богородица“. Во истата година, игуменот Вартоломеј присуствувал на изборот на епископот Никодим.[4] ГрадбаЦрквата е еднокорабна со тристрана апсида, а веројатно имала и купола. Градена е од приделкан камен и од наизменични редови тули.[4] Од некогаш богатиот фрескоживопис, дело на непознат зограф, останале малку траги. Врз основа на неговите стилски одлики, се смета дека истиот зограф ја сликал и црквата „Св. Никола Шишевски“, изградена во XIV век високо над кањонот на реката Треска.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia