Попадија — село во Општина Чашка , во околината на градот Велес .
Географија и местоположба
Попадија — село во областа Раец [ 2] , денес административно под Општина Чашка . Селото е оддалечено 30км јужно од градот Велес . Соседни села на селото Попадија се: Крајници од север, Фариш и Никодин од југ, Мрзен Ораовец од исток, Смиловци од запад.
Историја
Во XIX век селото било дел од Велешката каза (нахија Азот) во Отоманското Царство .
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 458 — 1953 422 −7.9% 1961 303 −28.2% 1971 55 −81.8% 1981 13 −76.4%
Година Нас. ±% 1991 9 −30.8% 1994 2 −77.8% 2002 0 −100.0% 2021 0 0.00%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Попадија живееле 550 жители, сите Македонци .[ 3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “), во 1905 година во Попадија имало 640 Македонци , под врховенството на Бугарската егзархија .[ 4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци .[ 5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
550
640
458
422
303
55
13
9
2
0
0
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 6] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 7] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 8] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 9]
Родови
Попадија било македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото:
Староседелци: Заровци (23 к.) се делат на Кралевци, Мутевци, Чонинци, Прдловци, Златковци и Деловци, и Малиновци (45 к.) се делат на Јарнановци, Јанковци, Ѓоревци, Тренчевци, Ѓорговци, Мурџевци, Трипуновци, Узуновци, Голевци и Бошковци. овие два рода се староседелски, порано живееле во некои сега раселени села во атарот на селото Попадија;
Доселеници: Бежановци (26 к.) се делат на Јосифовци, Мартиновци, Ѓурлевци, Ковевци, Салвантевци и Пузевци. доселени се од некое село кај Солун (солунско ) во Егејска Македонија ; Оморанци (2 к.) доселени се од селото Оморани средината на XIX век; Силотијовци (1 к.) доселени се од селото Јасеново во 1860 година.[ 10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ Радовановић, Војслав. Тиквеш и Рајец . стр. 220 (карта на тиквешијата и раец, каде попадија е вметнато во најсеверниот дел од раечкиот крај).
↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.118-119.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец .
Надворешни врски