Црква „Св. Варвара“ - Рајчица
Света Варвара — мала средновековна црква во дебарското село Рајчица, Македонија.[1] Црквата се наоѓа во маалото Рајчки, на зарамнета ливада високо над Дебарското Езеро и градот Дебар. Истата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија. МестоположбаЦрквата се наоѓа во маалото Рајчки, средното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена патека, која започнува кога ќе заврши асфалтниот пат во маалото. Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Рајчки. ИсторијаВрз основа на зачуваните натписи, црквата била подигната во 1597 година. Во натписите испишани со старословенски букви се спомнуваат ктиторите Овчина и В’лкове. Натписите се наоѓаат нишата, над протезисот и на просторот помеѓу нишата на протезисот и апсидата.[2] Во минатото била метох на Бигорскиот манастир.[3] Во 1913 година црквата била целосно ограбена од Турците, при што биле ограбени повеќе скапоцени и старозаветни икони со вкупна вредност од 50 златници-наполеони.[4] Во март 2016 година олтарниот дел на црквата бил целосно разоран од трагачи на злато. Биле забележани многу оштетувања во внатрешноста на црквата.[5] АрхитектураЦрквата е еднокорабна, со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена е од кршен и делкан камен, кој е употребен само при создавање на вратата и прозорците. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект.[3] Таа е мала по димензии и со неугледна надворешност.[2] ФрескоживописВо внатрешноста на црквата има добро зачуван фрескоживопис, кој е насликан истата година кога е подигната црквата. Имињата на зографот и на неговите двајца помошници остануваат непознати. Нивното сликарство нема поголеми ликовни вредности.[3] Од некогашниот живопис се зачувани остатоци на источниот ѕид, меѓу кои подобро ликовите на „Св. Стефан“, „Омелисмос“, светители од „Великиот вход“, „Св. Роман“, „Благовештението“, „Богородица Ширшаја Небеса“ и фрагмент од композицијата „Вознесение Христово“.[2]
ИконостасНа импровизираниот дрвен иконостас има неколку икони од истите зографи.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia