Црква „Св. Димитрија“ - Тушин
Свети Димитрија (грчки: Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Тушин, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ОписЦрквата е гробишен храм, подигнат во југозападниот крај на селото во 1842 г. како што може да се прочита од камениот натпис. Претставува трикорабна базилика со женска црква и затворен трем.[1][2] Има два влеза. На јужната страна има ниска врата. Покривот е калкански, покриен со плочи.[1] Камбанаријата е четирикатна самостојна градба во северниот дел на црковниот двор.[1][2] Женската црква има дрвен парапет и дрвена решетка. Таванот исто така е дрвен, а иконостасот е има резбани царски двери и распетие.[1] Внатрешноста е живописана во 1866 г. од крушевскиот мајстор Анастас Зограф и неговите синови Вангел, Никола и Коста. Зографскиот натпис гласи: ![]()
Фреските се поделени на две подрачја — во горното е циклусот на Страстите Христови, а во долното се претставите на низа светци. Во апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небото.[1] Има извадоци од Стариот завет како настанокот на Адам и Ева, нивниот живот во рајот, огрешувањето и истерувањето; од Новиот завет застапено е Рождеството, Воскресението Христово и други мотиви.[2] ГалериjaПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia