Броштица
Броштица — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар. Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат е забележано во XVI век (1583 г.) како Проштица. Некогаш се сретнувало и како Брштица. Името доаѓа од растението брошт, кое можеби е и првобитното име на Броштичка Река, кое после станало име на селото.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено мошне високо на западната падина на планината Стогово.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.[4] До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249. ИсторијаПодрачјето на Броштица е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[5] СтопанствоАтарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144 хектари, на шумите отпаѓаат 106,7 хектари, а на пасиштата 90 хектари.[4] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти.[4] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 65 жители муслимани (Македонци) и 106 христијани (Македонци).[6] Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Броштица имало 800 жители, сите Македонци, од кои 200 православни и 600 муслимани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Броштица имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9] Селото е средно по големина, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 533 жители, од кои 500 се изјасниле како Турци, а 30 жители Албанци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 718 жители, од кои 499 биле Македонци, 128 Турци и 90 други.[4] Според пописот од 2002 година, селото имало население од 748 жители, од кои се изјасниле:[10] 622 Македонци, 124 Турци и 2 останати. Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци. Според мајчин јазик, населението се изјаснило:[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 146 Македонци, 6 Албанци, 165 Турци, 28 останати и 48 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБроштица е македонско село, поделено на муслимани и православни.[16] Според истражувањата од 1954 година родови во селото:
ИселеништвоОд Броштица има огромен број на иселено население, пред сè Македонци православни.[16] Целосно се иселени голем број на македонски православни родови, и тоа: Атанасовци, Костовци или Ристевци, Веловци, Гагановци, Дојчиновци, Стојановци, Аврамовци, Петковци, Калевци или Куновци, Танчевци, Тримовци, Манчевци, Силковци, Поповци, Гавриловци и Јовковци или Василовци. Потомци на постарите иселеници од Броштица има на многу места, но највеќе се иселени во Скопје (населбата Ѓорче Петров), каде има преку 50 семејства. Други иселеници од Броштица има во Бугарија (7 семејства), највеќе во Софија. Нешто иселеници има и во Дебар и Битола. Од Торбешите иселеници има во Штип, Скопје, Иванковци кај Велес. А од таму во Турција. Потоа од денешните родови во Турција. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Броштица било село во Дебарската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0558 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 806 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 844 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia