Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ - Јабланица
Свети Мина, Виктор и Викентиј (позната и како Света Мартинија) — нова црква во селото Јабланица.[1] Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.[2] Во кругот на црквата се наоѓаат гробишта на поголемиот број на семејства на Дејкоска Маала и на неколку од Горна Маала.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа на едно возвишение во Дејкоска Маала.[2] ИсторијаСе смета дека денешната градба, која е од 1975 година е подигната на темелите на претходна, чиешто постоење временски се лоцира порано отколку црквата „Св. Богородица“ во Топлец.[2] АрхитектураВо оваа црква фрескоживописот е доста скромен и насликан во поново време, иконостасот е без некоја посебна уметничка вредност, но при кражба во црквата, биле украдени неколку вредни икони. Украдените икони исто како и во црквата „Св. Богородица“ се заменети со веродостојни реплики.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia