Свети Никола — македонски православен храм во селото Барово, на јужната падина на планината Водно, близу Скопје. Црквата се наоѓа веднаш на источниот влез на самото село над самиот пат кој води од соседното село Чифлик и Долно Соње. Според кажувањата на селаните, кои не го знаат точниот датум на црквата, таа е многу стара и е постара од црквите во соседните села[1]. Ова може се потврдува со сочуваниот фрескопживопис, односно фреските на Свети Никола и Пресвета Богородица на надворешните ѕидови на црквата, чија техника на сликање потекнува од доцниот среден век или можеби 16 век, како и живописот на црквата Свети Спас во блиското село Добри Дол. Во поново време црквата е со обновена и реконструирана фасада и висока камбанарија. Во дворот на црквата се наоѓаат археолошки наоди од античко време како камена плоча со латински натпис од римско време, од која се зачувани првите три редови[1] (плочата е пронајдена на самото место каде што е и соѕидана во ѕидот на услужниот објект - трпезаријата) и исклесано камено корито. Од горната и долната страна на црквата се наоѓаат селските гробишта[1].
Галерија
-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата од исток
-
Фреска на Св. Никола над влезот
-
Фреска на Св. Богородица на јужниот ѕид
-
Антички камени плочи со латински натпис и каменорезани ликови
-
Исклесано камено корито во дворот
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1958). „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ (српски). Филозофски факултет Скопје. стр. 142.
Цркви во Општина Сопиште |
---|
|  | | |
---|
| |
|