Населбата се наоѓа во западниот дел на Скопската Котлина, на северозападната падина на Водно, над реката Треска, и припаѓа на Општината Сопиште. Селото е ридско, на надморска височина нешто над 600 метри. Од централното место Скопје населбата е оддалечена 17 км.
Атарот е мал и зафаќа простор од 2,4 км2. На пасиштата отпаѓаат 159,8 ха, на шумите 59,3 ха, а обработливото земјиште 44,5 ха, така што во врска со ваквата аграрна структура, селото не е многу развиено.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
100
—
1953
96
−4.0%
1961
87
−9.4%
1971
44
−49.4%
1981
37
−15.9%
Година
Нас.
±%
1991
6
−83.8%
1994
21
+250.0%
2002
23
+9.5%
2021
24
+4.3%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 12 христијански и 10 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 49 мажи христијани[3], со 4 новороденчиња и 51 мажи муслимани[4] со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 216 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 300 други жители.[10]
Барово е мала населба којашто е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 87 жители, а во 1994 година само 21 жители, од кои 11 Албанци, а 10 жители Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото имало 23 жители, од кои: 9 Македонци, 13 Албанци и 1 Србин.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, сите Албанци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[12]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
100
1953
79
4
13
—
—
—
...
—
96
1961
79
4
4
...
...
—
...
—
87
1971
30
14
—
—
...
—
...
—
44
1981
26
11
—
—
—
—
...
—
37
1991
6
—
—
—
—
—
...
—
6
1994
10
11
—
—
—
—
...
—
21
2002
9
13
—
—
—
1
—
—
23
2021
—
24
—
—
—
—
—
—
24
Родови
Барово било македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:[13]
Македонски:
Доселеници:Тодоровци (6 к.), Гроздановци (2 к.), Ивановци (1 к.), Мачингаровци (2 к.) и Таневци (2 к.) доселени се пред 269 години од сега раселеното село Сакум Село на Мокра Планина. Од сите родови има иселеници на полно места, како: Скопје (пет семејства), Петровец (три семејства), Долно Соње (две семејства) и во Маркова Сушица (тринаесет семејства).
Албански:
Доселеници:Камберовци (2 к.) доселени се од Долен Дебар во Албанија. Од старото место се иселиле двајца браќа, едниот се населил во Зелениково, а другиот во Барово (Камбер). Во овој род го знаат следното родословие: Демир (жив на 80 г. во 1950 година) Беќир-Камбер, кој се доселил во селото. До 1944 година овој род бил поголем, но се смалил поради иселување во Скопје.
↑Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 20.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке. Филозофски факултет.