Црква „Св. Никола“ - Бељаковце
Свети Никола (или Света Петка) — главна селска црква во кумановското село Бељаковце, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа во исклучително лоша состојба, целосно обрасната и покриена од вегетација.[3] МестоположбаЦрквата се наоѓа во Чифлачкото Маало, во стариот дел на Бељаковце, сместено на левиот брег на Крива Река. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на училиштето, кое било подигнато пред крајот на отоманскиот период.[4] ИсторијаСпоред зачуваниот натпис, црквата е изградена и живописана во 1605 – 1606 г. од ктиторот, презвитер Ѓурка.[5][6] Црквата била подновена во 1901 година.[3] АрхитектураХрамот претставува еднокорабна гробишна црква.[2] Истата била изградена од камен, а нејзиниот покрив бил од плочи.[4] ФрескоживописДел од живописот е прекриен со подоцнежни слоеви.[2] При обновувањето на црквата во 1901 година, бил нацртан и нов живопис, кој бил дел на Атанас Николов од Велес. За ова сведочи натписот:
ИконостасИмала ѕидан и веројатно и живописан иконостас.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia