Црква „Св. Никола“ - К’шање
Свети Никола — главна селска црква во кумановското село К’шање, Македонија.[1] Црквата се наоѓа во лоша состојба и истата е скоро целосно обрасната од вегетацијата. МестоположбаЦрквата се наоѓа во месноста Селиште, каде претходно таму се наоѓало црквиште. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта.[2] Најблиско маало на црквата е Вучковци. ИсторијаЦрквата е гробишен храм, изграден во 1884 година,[3] иако во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека била подигната околу 1900 година.[2] АрхитектураИма камени релјефни украси.[3] ФрескоживописНасликата е од истакнатиот мајстор Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес.[3] Во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека на живописот работеле Васил и Мијалко „од Тетово“.[2] ИконостасИма позлатени резбани царски двери.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia