К’шање
К’шање — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во југоисточниот дел на територијата на Општина Куманово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Свети Николе и Кратово. Истото е сместено недалеку од патот Куманово-Свети Николе.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 24 километри.[2] Селото е сместено на местото каде се спојуваат Градиштанска Планина (југозападно) и планината Манговица (југоисточно). Селото го надвисуваат 4 висои, и тоа: северно на околу 2 километри висот Сувар (714 м.), југоисточно на околу 3 км висот Бабин Град (765 м.), јужно на околу 2 километри висот Перица и северозападно на околу 3 километри висот Вукосија (636 м.). Западно од селото се наоѓа полето Кампур. Оваа нископланинска област претставува вододелница помеѓу Кумановската Котлина, на југ и на Овче Поле на северозапад. Селото е сместено покрај регионалниот пат 1204 помеѓу градовите Куманово и Свети Николе. Кај превојот Караула (518 м.) се двои земјен пат до селото. Селото се наоѓа во горниот дел на долината на малата река Лука, притока на Пчиња. Реката уште е наречен и Кшањски Дол, кој е повремен водотек. Скоро сите селски куќи се наоѓаат на левата страна на долината, поради што селото е насочено кон северозапад. Околни села се Кокошиње, Татомир, Пезово и Градиште. Во минатото, водата за пиење мештаните ја добивале од бунари.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Билодубрава, Дервен или Ризов Бунар, Кампур, Јовановски Бунар, Дајеви Ливади, Горно Краиште, Кеев Рид, Грљаново Брдо, Заечко Чукарче, Попов Чукар, Побиен Камен, Јасика, Голем Дол, Кула, Чумалеј, Загузје, Ќерамидница, Кутлино, Педеви Ниви, Пезовски Дол, Рамниште, Зелени Крст, Лука, Мост, Коритиште, Падина, Милошев Чукар, Врдеј, Паевица, Кашански Венец, Трајков Чукар, Цолевица, Раскрсје, Брзанов Рид и Селиште.[3] К’шање има разреден тип и е поделено на онолку маала колку што има родови. Некои маала имаат од едно до шест домаќинства. Поглавни маала се: Ивановско, Ѓорговско, Филиповско, Чавдарско и други.[3] Историја![]() Денешното село влегува во поновите села во Кумановско. Традицијата наведува дека порано ова земјиште припаѓало на пашите („кашла“). По тоа го добило и своето име К’шање. Во селото најстари се родовите Филиповци, Ивановци, Ѓорговци и Стеевци, кои се основачи на селото.[3] Месноста Селиште се наоѓа кај селото, во северниот дел. Сместена е десно од малата рекичка Лука, а народната традиција наведува дека таму порано се наоѓало селото. Тогаш, К’шање имало мал број на домови. По предание, таму некогаш се појавила чума и поради тоа мештаните ја променила местоположбата и изградиле куќи на местото на нивните сточарски трла. Оваа промена се случила во 1860 година, што било случај и во соседните села Пезово, Мургаш, Новосељане и други.[3] По етничките особености, К’шање припаѓа на пределот Которлак. Селото отсекогаш административно припаѓало на Кумановската област.[3] Во отоманскиот период, кај месноста Кула североисточно од селото се наоѓала турска кула.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 12,4 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 530 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 448 хектари, а на шумите 181 хектар.[2] Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2] Селото, заедно со соседното Пезово, биле раатски села до 1912 година, односно во нив немало чифлици. Единствено, малку земја поседувал некој кумановски Турчин Нуи. Старите селани раскажувале дека доколку имало лоша година и селаните се задолжеле кај некои Турци и подоцна не го вратиле долгот, тогаш Турците ја одземале нивната земја.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во К’шање живееле 420 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во К’шање имало 488 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] К’шање во 1961 година имало 451 жител, а во 1994 година 83 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото К’шање живееле 48 жители, сите Македонци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 11 Македонци и 4 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКшање е македонско село.[3] Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
ИселеништвоПостари иселени Македонци има во Скачковце (Џумбушови) и Клечевце (Бајеви). После Втората светска војна преку 50 македонски семејства се иселиле во градовите Куманово, Скопје, Велес и Свети Николе.[3] Општествени установи![]()
Во 2007 година во К’шање тогашниот министер за правда Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги фрлија првите лопати на новата затворска зграда оддалечена 25 километри од Куманово. Затворот има три ката. Нови се последните два ката и страничниот дел на зградата, а првиот кат е адаптиран од училишната зграда. На првиот кат ќе биде сместено притворското одделение. Затворот ќе прими 250 затвореници, од кои 50 ќе бидат притвореници. Предвидено е во една ќелија да има по двајца или по девет квадрати за еден затвореник. На секој кат има по една голема соба во која ќе бидат сместени шест-седум затвореници и посебен дел, во кој има по три самици. Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, К’шање било село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац. Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото К’шање, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутлибег, Кучкарево, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото било дел од некогашната Општина Градиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Габреш, Градиште, К’шање, Кутлибег, Кучкарево и Пезово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1137 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia