Црква „Св. Никола“ - Лажани

Свети Никола

Поглед на црквата (лево во далечината)

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Ропотовска
Местоположба

Карта

Координати 41°27′04.3″N 21°19′20.6″E / 41.451194°N 21.322389°E / 41.451194; 21.322389
Место Лажани
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1987 - 1989
Осветување 7 мај 1989
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Лажани, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа надвор од селото. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата е сместена надвор од селото Лажани и до нејзе води асфалтиран пат.

Историја

Црквата е изградена во периодот од 1987 до 1989 година. Дарители на храмот биле жителите на Дебреште, Пешталево, Средорек, Секирци, Маргари, Ропотово, Кошино, Кривогаштани, Селце, Белица, Костинци, Долгаец; значителни придонеси дале Ж. Талески од Саждево и Р. Димоски од Црнилиште.[2]

Храмот е осветен на 7 мај 1989 година од митрополитот Петар Охридско-битолски.[2]

Архитектура

Иконостас

Храмот има резбан иконостас од дрво, дело на охридските копаничари Никола Пљаковски и Цветан Николовски.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Црква „Свети Никола", село Лажани“. Old Prilep. Посетено на 31 декември 2021.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya