Ропотово
Ропотово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаРопотово се наоѓа во северозападниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 610 м. Низ селото поминуваат регионалните патишта R512 Ропотово-Кривогаштани-Демир Хисар и R513 Прилеп-Македонски Брод-Кичево. Од Прилеп е оддалечено 22 км. Атарот на селото зафаќа површина од 13,4 км2.[2] Месностите во селскиот атар ги носат следниве имиња: Раскрсниче, Меѓупатишта, Попова Чука, Грамада, Заморек, Трајков Дол, Врба, Пепелиште, Чаир, Капина, Блато, Лажански Мост, Крс, Круши, Под Гумно, Сургуница, Пив, Зад Ливади, Меризи, Чуки, Реки, Бреслики, Голема Нива, Стар Рибник, Пајкарница, Падина, Голиње и Атановчица.[3] ИсторијаПросторот на кој се наоѓа денешното село Ропотово отсекогаш бил населен, но животот на населението на овој простор постојано бил прекинуван. Остатоци од стари населби на мештаните се среќаваат на потезите Заморани, Грамада, Чука и Падина.[3] Во XIX век во Ропотово постоеле два чифлика: околу 90% од земјата припаѓала на Амед Зоговци кои живееле во Албанија, а 10% на некои „Арапки“ на чијшто чифлик за ќаја бил поставен Садул Франго од Битола. Освен тоа, во селото постоел и Мехмед-зоговски ан којшто се наоѓал на местото наречено Кај Девите и бил во сопственост на Кавкалевци. Меѓутоа, во 1912 година ќајата се побунил, па едната половина од имотот им припаднал на Амед-Зоговци, а другата половина успеал да ја задрже. Во 1912 година, во селото имало 13 македонски куќи. Сите жители биле сопственици на чифлици и потекнувале од доселенички семејства. По отоманската власт, земјата била одземена од чифликсајбиите и им била поделена на доселениците. Главната поделба била извршена во 1924 година, а во периодот 1924-1927 година селото забележало забрзан раст. На земјата поделена со земјоделската реформа се населиле многу родови со потекло од Порече.[3][4] Стопанство![]() Селото има полјоделска функција. ВО селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 1.008 ха, додека на пасишта отпаѓаат 266 ха.[2] Население
Во пописните дефтери од 1467/68 година, во Ропотово имало 18 семејства, 2 неженети и 3 вдовици; во 1481/82 година имало 17 семејства и 2 вдовици; во 1544/45 година имало 17 семејства, 2 неженети и 4 вдовици; а во 1568/69 година имало 10 семејства, 12 неженети и 1 вдовица.[3] Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ропотово било село со 27 домаќинства и 109 жители Македонци и 10 Роми.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ропотово имало 196 жители Македонци и 10 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 128 жители Македонци.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ропотово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[9] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 546 жители, од кои 545 Македонци и 1 Србин.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 516 жители, од кои 487 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин, 1 останат и 25 лица без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРопотово е македонско село. Родови во селото се: Тренковци (12 куќи), Пацовци (4 куќи), Кафкаловци (3 куќи) и Нешковци (2 куќи) однекаде се доселени; Трипуновци (4 куќи) и Алексовци (3 куќи) доселени се од селото Слепче; Журевци (3 куќи) доселени се од Охридско; Наумовци (1 куќа) доселени се од Нерези, Велешко; Гостирашци (3 куќи) доселени се од Гостиражни; Ристевци (4 куќи) потекнуваат од домазет доселен од Порече; Трајковци (3 куќи), Дамјановци (2 куќи), Рујановци (2 куќи), Саздановци (2 куќи), Шарковци (2 куќи), Дурдевци (2 куќи), Поповци (1 куќа), Димитриевци (1 куќа) и Крстевци (1 куќа) доселени се од селото Крапа, Порече; Врсаковци (2 куќи), Ѓурчиновци (1 куќа) и Марковци (1 куќа) доселени се од селото Тополница, Порече; Митревци (3 куќи) доселени се од Манастирец, Порече; Мицковци (5 куќи) и Ивановци (3 куќи) доселени се од Калуѓерец, Порече; Трајковци (4 куќи), Стојковци (3 куќи), Спирковци (2 куќи), Радевци (2 куќи), Наумовци (2 куќи), Цветановци (2 куќи), Бимбиловци (1 куќа) и Коруновци (1 куќа) доселени се од селото Слатина, Порече; Синадиновци (1 куќа), Сиљановци (1 куќа), Стојчевци (1 куќа) и Јаневци (1 куќа) доселени се од селото Лупште, Порече; Бежовци (2 куќи), Михајловци (2 куќи), Симјановци (1 куќа), Димовци (1 куќа), Стојчевци (1 куќа), Велковци (1 куќа) и Кочовци (1 куќа) доселени се од селото Могилец, Порече; Тримчевци (1 куќа) и Илијевци (1 куќа) доселени се од Белица, Порече; Дамчевци (1 куќа) и Несторовци (1 куќа) доселени се од Крушје, Порече; Огњановци (2 куќи) доселени се од Грешница, Порече; Мојсовци (1 куќа) доселени се од Рамне, Порече; Маџовци (2 куќи) и Љубе (1 куќа) доселени се од селото Ковач, Порече; Дојчиновци (3 куќи) доселени се од Могилец, Порече; Велковци (1 куќа) доселени се од Македонски Брод; Барбаровци (1 куќа) доселени се од раселеното село Барбарос, Порече; Пејчиновци (1 куќа) доселени се од Лазарополе, Мијачија; Тофиловци (1 куќа) доселени се од Гари, Мијачија; Кузмановци (1 куќа) доселени се од Селце, Мијачија. Сите родови кои се доселени од Порече (со исклучок на Ристевци) и од Мијачијата доселени се после заминување на Турците, т.е од 1912-13 натака. Другите родови живеат во селото уште од турско време.[16] Општествени установиВо селото работи основното училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во него има и амбуланта, пошта, дом на културата, подрачна општинска управа и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дебреште. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1488 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на старото училиште. Во ова избирачко место е опфатено селото Жабјани.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[19] Културни знаменитости
СпортВо селото е сместен ФК Илинден. ИселеништвоОд Ропотово било и иселување на населението. Се знае за следните иселеници: Мартиновци (2 к.) се иселени во Бело Поле. Николовци, Беличанци и Мартиновци се иселени во Прилеп. На родот Беличанци уште подалечно потекло е од селото Белица, Порече. Едно семејство од Алексовци се иселило во Жабјани. Три семејства од Кафкаловци се иселиле во Прилеп. Едно семејство од Тренковци се иселило во Дебреште.[4] Личности
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia