Пешталево
Пешталево — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположба![]() Пешталево се наоѓа во северниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,3 км2. Од Прилеп е оддалечено 24 км, а од патот Прилеп-Македонски Брод 2,5 км.[2] ИсторијаВо XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3] СтопанствоВо рамки на селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 730 ха, па оттука селото има полјоделска функција.[2] Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пешталево е село со 53 домаќинства и 136 жители муслимани и 83 Македонци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пешталево имало 320 жители Македонци-муслимани.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 439 Македонци-муслимани.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пишталево се води како чисто „турско“ село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[7] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.[8] Според пописот од 2002 година, во селото Пешталево живеат 486 жители, од кои 280 Македонци, 144 Албанци, 44 Турци, 12 Бошњаци, 1 Србин и 5 останати.[9] Голем дел од жителите кои се изјасниле како Турци или Албанци се всушност Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како такви. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 511 жители, од кои 254 Македонци, 119 Албанци, 93 Турци, 1 Србин, 30 Бошњаци, 2 останати и 12 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПешталево е торбешко село, а има и Македонци православни доселено во селото. Родови во селото се: Суљовци (23 к.), Абдуловци (20 к.) и Синановци (20 к.) потекнуваат од тројца браќа Суљо, Абдула и Синан кои биле основачи на селото, доселени се од некое торбешко село во Дебарско, во Синановци се знае следното родословие: Фејзо (жив на 54 г. во 1950-тите) Осман-Фејзо-Осман-?-Синан, основачот на родот кој се доселил во XVIII век; Севовци (11 к.) и Зеновци (8 к.) доселени се од раселеното село Бурилово, кое постоело помеѓу селата Жабјани и Сарандиново, и во близина на Пешталево. Земјата од тоа раселено село ја поседуваат жителите на селата Пешталево и Жабјани. таму биле староседелци; Селимовци (2 к.) и Метковци (1 к.) доселени се од албанското село Црнилиште, таму биле доселени од северна Албанија; Абазовци (1 к.) доселени се од селото Браилово, таму биле доселени од северна Албанија. После 1954 година голем број на торбешки родови се иселиле и на нивно место дошле Македонци од областа Порече.[15] Општествени установиВо селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.[16] Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[2] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1484 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 381 гласач.[18] Културни знаменитости![]()
Личности
ИселеништвоВо 1912 година, 9 македонски муслимански семејства се иселиле во Турција, во Бурса, Енишехир и Адапазар. Сепак посилен бран на иселување на торбешкото население во Турција има после 1954 година.[15] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia