Средорек (село)
Средорек — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 11 километри западно од општинскиот центар Долнени и 23 километри северозападно од Прилеп. ИсторијаВо пописните дефтери од 1467/68 година во Средорек имало 14 христијански семејства; во 1481/82 – 17 семејства; во 1544/45 – 29 семејства, 4 неженети и 2 вдовици, како и 13 муслимански семејства; во 1568/69 – 7 христијански семејства, 2 неженети и 2 вдовици. СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Средорек живееле 210 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Средорек имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Средорек се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[3] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Средорек живеат 52 жители, сите Македонци.[5] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСредорек е македонско село. Родови во селото се: Качаровци (4 куќи) доселени се од селото Дабјани, а некогаш живееле и во Кривогаштани; Филиповци (3 куќи) доселени се од селото Кутлешево; Шамаковци (3 куќи) Доселени се од селото Горно Житоше, го знаат следното родословие: Ристе (жив на 28 г. во 1950-тите) Нове-Ташко-Толе-Момир-Костадин, од Горно Житоше се доселил предокот Ташко; Мавцовци (3 куќи) потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од Прилеп; Зиско (1 куќа) доселени се од Крушево, овде живеат само преку лето; Клаповци (2 куќи) доселени се од Новоселани; Гулевци (2 куќи) од Горно Житоше најпрво се иселиле во Сарандиново, а во 1930 година дошле овде; Блажевци (1 куќа) доселени се од селото Кошино каде род им биле Стојчевци, и таму биле староседелци; Цуцуловци (4 куќи) од Горно Житоше најпрво се населиле во Бело Поле, па од таму во 1928 година дошле во Средорек; Поречанци (1 куќа) доселени се од поречкото село Могилец во 1935 година. Албанци: во селото има и еден албански род, тоа е Ајдаровци (1 куќа) доселени се во 1947 година од кичевското село Папрадиште. Овде живеат само преку лето. Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1469 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Дабјани.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia