Црква „Св. Петар и Павле“ - Либаново

Свети Петар и Павле
Αγίων Αποστόλων Πέτρου και Πάυλου
Сцената „Благовештение“ на фреска од XV век
Карта
40°30′22″N 22°32′27″E / 40.50611°N 22.54083°E / 40.50611; 22.54083
МестоЛибаново, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
ЗавршенаXIV век
Управа
ЕпархијаКитроско-катеринско-платамонска

Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Αποστόλων Πέτρου και Πάυλου Αιγινίου) — доцносредновековна црква во селото Либаново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот датира од XIV век.[1]

Фрагментите од фреските се од 1485 г., дело на водечкото ателје на Костурската школа од тој период, меѓу чии дела се вбројуваат живописите во „Св. Никола Еврпаксиин“ во Костур (1485/86), во манастирската црква „Св. Преображение“ во Метеора (1483), дел од фреските во „Успение на Пресв. Богородица“ на манастирот Трескавец (1483/84) и во „Св. Никита“ во Горњанскиот манастир (1483/84), како и оние од урнатата црква „Св. Спиридон“ во Костур (крај на XV век).[2]

Во 1967 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3]

Поврзано

Наводи

  1. „Η Θρησκευτική Κληρονομιά μας“. Polys Guest House. 26 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2015. Посетено на 26 октомври 2014.
  2. Кунева, Цвета. „Костур, църква „Св. Никола на монахинята Евпраксия". Пътища на балканските зографи. Посетено на 6 октомври 2020.
  3. „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2022. Посетено на 26 октомври 2014.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya