Горњански манастир
Горњански манастир — средновековен манастир во скопското село Горњане.[1] Самата црква на манастирот потекнува од 1307 година, кога била обновена на темели на постара градба. Била завршена за само една година, а во 1316 година бил довршен и нејзиниот првобитен фрескоживопис. МестоположбаМанастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, меѓу селата Горњане, Бањане и Чучер. Од градот Скопје, манастирот е оддалечен околу 15 километри на север.[2] ИсторијаСе смета дека манастирот, како и голем број црковни споменици во околината на Скопје, биле изградени во XI век по освојувањето на Македонија од царот Василиј II како потврда на византиската власт. За време на српско-бугарско-византиските борби кон крајот XII и почетокот на XIII, повеќето од овие споменици биле урнати, меѓу кои и овој манастир.[2] По освојувањето на областите во Македонија во 1282 година од страна на кралот Милутин и особено по женидбата со византиската малолетна принцеза Симонида во 1299 година, ќерка на византискиот цар Андроник II Палеолог, поголем дел од тие манастири биле обновени.[2] Историјата на манастирот е спомената во две грамоти, едната е сочувана и била од византискиот цар Михаил IX, син и совладетел со Андроник II. Во нејзе се вели дека е издадена на молба на кралот Милутин и со која се потврдува неговата даровна грамота. Подоцна, била издадена и втора грамота, која не е сочувана, во која стоело дека приходите ќе бидат наменети за издршка на монасите во Хиландарскиот пирг.[2] За време на отоманскиот период, манастирот имал тешко време. Кај голем дел од старите фрески настанале големи оштетувања, поради што била извршена обнова на нивно место во 1484 година. За обновата сведочи натписот над јужната врата во наосот.[2] Градби во манастиротОд манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите конаци и други помошни објекти. Црква „Св. Никита“Црквата „Св. Никита“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Во пишуваните извори, иако недоволно прецизни, дознаваме дека црквата била обновена во 1307 година од страна на кралот Милутин, откако ја нашол запустена. Тоа значи дека црквата постоела и пред неговото доаѓање во Скопје во 1282 година. Првиот фрескоживопис бил извршен непосредно по изградбата, односно до 1320 година, а од него денес е сочуван поголемиот дел. Понов фрескоживопис бил направен во XIX век во калотата на куполата. Иконите во црквата биле изработени од страна на Дичо Зограф.[2] Црквата има изглед на впишан крст со купола, која се потпира на четири столба, без нартекс и со влез на јужната и на западната страна. Фасадата е богато украсена со ниши, аркади и запци, изработена од камен и тула.[2] Параклис „Св. Јован Претеча“Кон крајот на XVI век и во почетокот на XVII век, кон јужната страна на црквата бил доѕидан параклис посветен на „Св. Јован Претеча“. Подоцна бил разрушен.[2] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia