Чаир (Тремник)
Чаир - Градиште — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува утврдена населба и некропола од старохристијанско време. На 0,5 км северо-северозападно од селото има висок рид со зарамнето плато на кое по површината се гледаат остатоци од одбранбен бедем, фрагменти од керамички садови и питоси, како и градежен материјал. На јужниот крај на наоѓалиштето се пронајдени гробови.[1] Местоположба![]() ![]() Наоѓалиштето Чаир Градиште се наоѓа на 0,5 км северо-северозападно од селото Тремник, на јужниот крај на една 30-60 м висока тераса, која се наднесува над тремничкиот дол. На тоа место постои силен извор со добра вода, што ги привлекло жителите да создадат населба уште од хеленистичко време.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia