Градиште (Неготино)
Градиште — археолошко наоѓалиште во градот Неготино. Претставува утврдена населба од хеленистичкото, римското време и доцноантичкото време. Се наоѓа на 2 километри северно од средиштето на градот, на тераса што се издига покрај левот брег на Вардар. Постојат тези и претпоставки од археологот Иван Микулчиќ, и од други археолози, дека ова наоѓалиште е античкиот град Антигона.[1][2][3] Местоположба![]() Месноста Градиште се наоѓа на јужниот дел на една долга и тесна тераса и која е 60 м над реката Вардар. Се наоѓа на само околу 550-600 м од северниот раб на Неготино. Поради поставеноста, платото е непристапно и природно одбрането од западната, јужната и источната страна, додека од пристапната северна страна имало заштитен бедем и камен ѕид. Оваа рамна издигнатина со овален облик има површина од 3,3. хектари.[4] ИсторијаТаму имало пајонска населба која престанала да постои во 3 век п.н.е. Поради стратешката важност, македонскиот крал Филип II го возобновил местото. Тука минувал важен месен пат кој одел кон Витачево и Тиквешијата. Истиот пат го сечел Вардарскиот пат и одел кон Серта на исток. За време на римската власт во античко време, тврдината ја задржала својата важност и функција бидејќи е утврдено дека ѕидините биле пломбирани со варов малтер, а влезот бил зајакнат со две кули.[4] Се смета дека утврдувањето последен пат било обновено за време на владеењето на Јустинијан I, бидејќи таму е најдена негова монета.[3] За време на Првата светска војна, овде биле копани ровови.[5] Археолошки остатоци и ископувања![]() На зарамнетото плато стојат остатоците од одбранбениот бедем (тврдина). Во 1953 година биле вршени земјени работи, додека во 1983 година биле извршувани археолошки ископувања.[5][6] Во овие археолошки ископувања биле откриени множество керамички материјал од предкласичното, класичното и хеленистичкото време. Била најдена и доцноантичка керамика со најмногу материјал има IV до VI век.[6] Најстарите остатоци датираат од 7-6 век п.н.е. Постарата предхеленистичка и хеленистичка населба била утврдена со камени ѕидови од типот плочи. Населбата во римско време е утврдена со варов малтер. Во југот на наоѓалиштето има движен археолошки материјал дури и од доцната праисторија, материјал кој бил најден под израмнети слоеви од земја, масна земја и речни каменчиња по куќа од хеленистичко време.[6] Во должина на внатрешната страна на западниот ѕид биле откопари римски квартири односно воени простории. Северно од утврдувањето била незаштитената цивилна населба од 4,5 хектари и гробиштата.[4] Над некрополата има слаби извори на вода.[3] На површината се присутни многубројни фрагменти од керамички садови и други археолошки материјали со различна временска и културна припадност. Површинските наоди се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Музејот на град Неготино.[7] Во периодот од 2009 до 2015 година, преку проектот „Неготино: Средната долина на реката Вардар (Македонија) во хеленистичкиот и римскиот период“ биле извршени систематски ископувања. Од 2009 до 2011 година било финансирано од страна на шпанскиот Валенсиски институт за класични и ориентални студии. Од 2012 до 2015 година бил предводен од полскиот Научно истражувачки центар. Други помали фондови имало од Факултетот за историски студии при Гдањскиот универзитет, македонското Министерство за култура, и приватен полски спонзор.[8] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia