Романов Гроб (Тремник)
Романов Гроб, познато и како Романков Гроб, Ормангов/Орманков Гроб, Аромунов Гроб[1] — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола во која биле пронајдени повеќе гробови градени од камени плочи.[2] Наоѓалиштето е познато по тоа што во 2008 година биле пронајдени златни артефакти со тежина од 1,200 грама.[3] Се наоѓа на 275 м источно од селската чешма, на блага падина. Ископувања и откритија1950тиВо 1950тите бил ископан еден гроб и од него биле извадени две надгробни споменици. Во близина на гробот биле најдени остатоци од темели на стара градба и парчиња од римски ќерамиди.[4] Старата градба е доцноантичка сакрална градба. Од ова наоѓалиште биле изнесени повеќе надгробни стели со грчки натпис и парапетна плоча со стилизирани волути на јонски капител.[1] 21 векВо откритието во 2008 година, биле најдени четири малоазиски фибули од чисто злато и која секоја од нив е долга 10 см и има тежина од 140 грама. Речиси се идентични една со друга. Главите на фибулите имаат облик на змиска глава, со пет копчиња на секоја една фибула. Иглите им се бронзени. Според вредноста, тие не биле носени во секојдневна прилика и биле носени од важни луѓе бидејќи слични вакви фибули биле пронајдени во Кутлеш, во сопственост односно во гробницата на Филип II Македонски.[5] Заедно во фибулите, најдено било и златна кутија за предмети која е со филиграни и гранулирана, наречена пиксис. Таа е со капак и цилиндрична и тежи 30 грама. Најдени биле и ѓердани, од кои едниот поаристократски направен во 30 делчиња со филиграни, еден поскромен ѓердан со монистри во облик на костен, и два слични ѓердани кои се филигранирани и гранулирани кои нивните обрачи се со особености од 5 век п.н.е.[6] Една релјефна плакета, со тежина од 70 грама, со приказ на Посејдон и трозабец кој стои меѓу хипокампус. Откритието содржи и два статери од Филип II и Александар III Македонски. Според археолошките претпоставки, предметите биле закопани пред келтската инвазија во 279 година п.н.е. и проследената пауза на живеење во ова подрачје.[7] Ископувања биле направени во 2012 и 2013 година при што во голема мера било разоткриено наоѓалиштето, неговите граници и статографијата.[8] Галерија
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia