Черушнички манастир
Черушнички манастир или „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Μονή Κοιμήσεως Θεοτόκου Μικροκάστρου) — манастир во Населичко, Егејска Македонија.[1][2][3] Денес ѝ припаѓа на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија. Манастирот е сместен во јужните падини на планината Сињак кај селото Черушница (денес Микрокастро) во општината Горуша на Кожанскиот округ, денешна Западна Македонија, Грција. Лежи на неколку стотини метри југозападно од селото и на исто толку од брегот на реката Бистрица. Основан е во 1753 г.[4] Манастирската црква е изградена во 1797 г. и има живопис со извонреден квалитет. Во иконостасот е вградена постара икона на Богородица од 1603 г., која се смета за чудотворна. Во 1993 г. станал женски манстир.[2] Според пописот од 2011 г. во него има 26 калуѓерки. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia