Општината Горуша е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на пет стари административни единици: општините Сачишта (Сјатиста), Лапчишта (Неаполи), Цотил (Цотили), Сињак (Аскио) и општинската целина Жупан (Пендалофос).
Општинска единица Сачишта
Поранешната општина Сачишта на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Сачишта со седиште во Сачишта (Сјатиста) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на јужните падини на планината Сињак:
Општинската единица Жупан со седиште во Жупан (Пендалофос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во југоисточниот дел на планината Горуша (Војо):
Поранешната општинска целина Пендалофос на картата на некогашниот округ Кожани.
Општинската единица Сињак со седиште во Враништа (Калонери) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на западните падини на планината Сињак:
Општински оддел Враништа
град Враништа (Вроништа или Врондишча; Καλονέρι, Калонери)
На територијата на општината се наоѓаат и следниве поранешни села: Бања (Агија Параскеви) Водорина (Неја Спарти), Домовишта (Парохтио), Јанково (Месопотамос).