Шпаркасе Банка Македонија АД СкопјеШпаркасе банка Македонија АД Скопје претставува македонска универзална банка со широка понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој, финансирање на физички и правни лица. Банката е дел од Штаермеркише шпаркасе (Steiermärkische Sparkasse) и групацијата Ерсте, од Австрија. На ниво на целиот македонски банкарски сектор, банката се наоѓа на шестото место, со пазарно учество од 4,7%. Седиштето на банката се наоѓа на следнава адреса: Ул. Македонија, бр. 9-11, 1000, Скопје.[1] ИсторијаШпаркасе банка Македонија била основана на 29 декември 1992 година, кога ја добила дозволата од Народната Банка на Македонија за основање како комерцијална банка под името "Инвест банка ад Скопје". Нејзината мајка-банка, Штаермеркише шпаркасе, опстојува скоро два и пол века, не само во Австрија туку и пошироко во Југоисточна Европа. Оваа банка била основана во Грац, во далечната 1825 година. Денес, таа е најголемата штедилница во Виена и најголема банка во јужна Австрија. На 16 септември 2008 година, Шпаркасе банка станала дел од "Штаермеркише шпаркасе" и Групацијата "Ерсте", една од најсилните групации во Европа, со 187-годишна традиција. На 15 април 2010 година, Шпаркасе банка ја направила промената на името и официјално се ребрендирала на 4 октомври 2010 година. Шпаркасе Банка Македонија e рангирана во првите 5 банки во Македонија, со пазарен удел од 4-5% и со вкупна актива од 284 милиони евра. Банката има мрежа од 29 експозитури, 300 вработени и над 115.000 клиенти.[2] МисијаЕдинствена и основна мисија на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е задоволство, сигурност и доверба на клиентите, партнерите и вработените. Банката на своите клиенти им ги овозможува сите видови на банкарски услуги, притоа ставајќи го акцентот на брзината и ефикасноста на своите услуги, како и зголемување на довербата, како кон клиентите, така и кон своите вработени. ВизијаВизијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е да биде една од петте банки во Република Македонија, која се грижи долгорочно за сигурноста и успехот на своите клиенти и им ги овозможува најкавалитетните услуги.[3] КапиталНоминалниот износ на почетниот капитал (основна главнина) на Банката изнесува 1.662.774.540,00 денари и истиот е поделен на 622.762 обични акции на име со номинална вредност од 2.670,00 денари по една акција. Банката може да издава обични и приоритетни акции. Една акција има право на еден глас во Собранието на Банката. Собранието на Банката може да ја деноминира номиналната вредност на акциите преку намалување или зголемување на таа вредност или да ја изрази номиналната вредност на акциите во странска валута, под услови износот на основната главнина да не се промени. Финансиски активностиБанката може да ги врши следните финансиски активности:[4]
Раководење со ризицитеРаководење со ликвидносниот ризикОпределувањето, оценката и раководењето со ликвидносниот ризик на банката подразбира начин на управување со активата и пасивата кој ќе овозможи навремено и редовно измирување на обврските, во нормални или вонредни услови на работењето. Банката активно ја следи, управува и контролира изложеноста на ликвидносен ризик и ги управува средствата во активата и изворите на средства во пасивата согласно финансиските и готовинските текови, како и нивната концентрација, со цел хармонизирање на паричните приливи со одливи. За таа цел, банката го следи и планира процесот на ликвидност кој ќе овозможи проценка на идните потреби за ликвидни средства, имајќи ги предвид економските, политичките, регулаторните и останатите промени кои влијаат на нејзиното работењето. Ваквото планирање вклучува идентификација на познати, очекувани и можни парични одливи и создавање на различни стратегии за управување со активата и пасивата, со цел обезбедување на потребите на банката за парични приливи.[5] За управување со ликвидносниот ризик, банката има воспоставено адекватна организациона структура која опфаќа:[5]
Раководење со валутниот ризикУправувањето со валутниот ризик значи поставување на ограничувања на поединечните отворени позиции кои се составен дел од процесот на управување со активата и пасивата. Ограничувањата на отворените позиции ја означуваат максималната загуба на банката како резултат на валутниот ризик. Со цел правилно управување со валутниот ризик и сведување на загубите на минимално ниво, предвидени се следниве активности за адекватна идентификација, мерење, следење и контролирање на ризикот:[6]
Организационата поставеност на банката во врска со процесот на управување со валутниот ризик е организиран на следниов начин:
Надзорниот одбор на банката ја одобрува политиката и ја разгледува адекватноста на одобрената политика најмалку на годишна основа. Исто така, на предлог на Одборот за управување со ризици, Надзорниот одбор ја определува формата, содржината и динамиката на известување за активностите на банката во девизи и во денари со девизна клаузула. Одборот за управување со ризици ја воспоставува политиката и ја следи нејзината примена, дава предлози за унапредување на политиката, врши оценка на системот на банката за управување со валутниот ризик, ги одобрува интерните лимити на банката за изложеност на валутен ризик, ги анализира ефектите од управувањето со валутниот ризик врз резултатите од работењето на банката. Управниот одбор е одговорен за воспоставување и следење на примената на процедурите за идентификување, мерење, следење и контрола на валутниот ризик на банката, во согласност со политиката.[6] Деловниот центар за управување со ризици е одговорен за редовно ревидирање на политиката, како и за дневно пратење на отворената девизна позиција на банката. Службата за управување со ликвидност, како дел од Деловниот центар за поддршка и финансии, е одговорна за изготвување дневни извештаи за валутен ризик и работење во согласност со интерните акти на банката. Дирекцијата за FX и пазар на пари е одговорна за изготвување на процедурите во делот на валутниот ризик, работење во согласност со интерните акти на банката кои го регулираат валутниот ризик, како и за формирање на курсните листи за менувачко работење и девизен пазар. Ревизијата оценува дали вработените ги почитуваат политиката, процедурите и интерните лимити на изложеност на банката на валутен ризик и доставува известување до Надзорниот одбор.[6] Финансиски показателиВо 2012 година банката ги остварила следните резултати од работењето:
На крајот на 2012 година, Шпаркасе Банка ја имала следната структура на средства, обврски и капитал
Управен одборЧленови на Управниот одбор:
Надзорен одборЧленови на Надзорниот одбор:
Одбор за ревизијаЧленови на Одбор за ревизија:
Корпоративна општествена одговорностОпределбата на Шпаркасе Бакна кон општествената одговорност, нејзината суштина и областите во кои е активна е корпоративен идентитет и претставува предност на која се гледа како стратешки ресурс во изградба на кредибилитетот и поддршка кон клиентите. Партнерство со филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, спонзорството на филмот „Трето полувреме“, програмата „Best of South East“, проектот за вработените „Берза на идеи“ се проекти со традиција, кои ја одбележуваат секоја година. На нив се надоврзуваат уште многу други од повеќе области. Најмногу се фокусирани на области од културата, со акцент на филмската уметност, образованието, со што се овозможува и привлекување квалитетен кадар и секако, заштитата на животната средина.[7] Награди и признанијаВо 2020 година, Шпаркасе банка Македонија станала добитник на наградите „Fastest growing retail bank North Macedonia“ и „Fastest growing corporate bank North Macedonia“ кои ги доделува „Global Banking and Finance Review“.[8] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia