Јувентус-Каљари (Серија А 2013-14)
Натпреварот помеѓу екипите на Јувентус и Каљари за сезоната 2013-14 се одиграл во рамките на последното 38-мо коло од Серија А.[1] Натпреварот немал некое големо бодовно значење бидејќи домаќините математички веќе ја освоиле титулата на три кола пред крајот, а гостите пак веќе обезбедиле опстанок. Сепак, нешто поголем мотив за победа имала домашната екипа кој со победа или нерешено би дошле до бројката од 100 бода (или 102 во случај на победа), што во историјата на Серија А не и успеало на ниту една екипа претходно. Јувентус веќе поставил нов рекорд за најмногу освоени бодови (99) пред почетокот на овој натпревар,[2] надминувајќи го рекордот на Интер од сезоната 2006-07 кога освоиле 97 бода.[3] Преглед на натпреваротПрвата шанса на натпреварот ја имале гостите преку Ибарбо, но неговиот удар од косо го одбранил Буфон. Во 8-мата минута паднал првиот гол на натпреварот; по слободниот удар на Пирло топката завршила во пречката, а потоа од грбот на голманот на Каљари Силвестри се одбила во мрежата, 1-0 за Јувентус. Во 15-тата минута Јуве дошол во водство со 2-0, а стрелец бил Љоренте. Пирло извел корнер од десната страна, шпанскиот напаѓач на домаќините бил најснаодлив во шеснаесетникот и ја зголемил предноста. Малку потоа Десена пропуштил голема шанса за Каљари, излегол сам пред Буфон, но овој му го одбранил ударот. Во 40-тата минута конечниот резултат го поставил Маркизио. Во второт полувреме немало големи возбудувања и домаќините успеале да го сочуваат водството и својата мрежа празна. Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими влегол во игра во 66-тата минута. По завршувањето на натпреварот домашните навивачи имале причини за славје бидејќи покрај рекордот и освојувањето на 102 бода, уследило и доделувањето на медалите и трофејот.[4][5] Детаљи од натпреварот
Најмногу бодови во домашната лигаСо освојувањето на 102 бода Јувентус е сега втор во Европа по бројот на освоени бодови во една сезона со бод помалку од шкотскиот Селтик, кој во сезоната 2001-02 освоил 103. Исто така подобрен е рекордот во петте најквалитетни лиги во Европа (Англија, Италија, Германија, Шпанија и Франција), кој го држеле Реал Мадрид и Барселона со 100 бодови како и личниот рекорд на клубот, кој изнесувал 87 бода. Еве како изгледа списокот на клубови кој освоиле најмногу бодови во домашната лига:
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia