Аеродром Хелсинки[3] (IATA: HEL, ICAO: EFHK; фински: Helsinki-Vantaan lentoasema, шведски: Helsingfors-Vanda flygplats[4]) — главен меѓународен аеродром на метрополитенската област Хелсинки и на цела Финска. Се наоѓа во Ванта, околу 5 километри западно од Тикурила, центарот на Ванта, и 17 километри северно од Хелсинки и служи како јазол за Finnair, финскиот авиопревозник, а воедно е база и за Norwegian Air Shuttle и Flybe Nordic.
Преглед
Првично изграден за потребите на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, аеродромот опслужил 15.279.043 патници во 2013 година и е четврти најголем аеродром во Скандинавија. Аеродромот Хелсинки е далеку најпрометен аеродром во Финска. Во 2013 година имал 15.279.043 патници, скоро 81% од вкупниот број на патници од 21. комерцијален аеродром во Финска (18.880.940).[5] Обезбедува работа за 20.000 лица и скоро 1.500 претпријатија работат на аеродромот.[6]
Аеродромот е управуван од Финавија, државно претпријатие, кое управува со финските аеродроми. Аеродромот Хелсинки бил избран за најдобар аеродром во светот во студија на ИАТА од 1999 година. Во 2006 година, истражување на корисниците низ светот го сместило аеродромот на првите места во светот, а во 2005 година според стапките на задоцнување, аеродромот бил прогласен за најточен во Европа.
Објекти
Терминали
Аеродромот е поделен на два терминала, оддалечени 250 метри еден од друг и поврзани со внатрешна пешачка врска. Меѓутоа, во пракса, пасошките одделенија не се поделени на терминали, туку на областа Шенген и надвор од неа. Областа надвор од Шенген во терминалот 2 била проширена во 2009 година за да му овозможи на аеродромот да опслужи осум големи воздухоплови во портите истовремено. Капацитетот на терминалите на аеродромот е околу 16-17 милиони патници годишно.[7]
Во 2013 година, Финавија објавила планови за проширување на аеродромот да опслужува до 20 милиони патници до 2020 година. Изградбата е определена да започне во 2014 година со додавање на капацитет на пасошките одделенија и транзитниот дел во терминалот 2. Проектот за проширување се проценува дека ќе чини 900 милиони евра. Дел од планот е изградба на дополнителен терминал до терминалот 2, но планот бил откажан поради трошоците и сега ќе се оди со проширување на една терминална зграда.[8] Во септември 2014 година, Финавија открила подетални планови за идното проширување кое ќе се остварува во периодот 2014-2010. Терминалите 1 и 2 ќе бидат проширена и споени под еден покрив со нови порти и места на пистата.[9]
Во 2014 година, Хелсиншкиот аеродром вовел за првпат во светот систем за следење на патниците,[10] кој автоматски ја надгледува толпата и спречува застои во аеродромот.[10]
Писти
Трите писти на аеродромот обезбедуваат платформа за идниот раст на аеродромот и аеродромот може да прифаќа големи воздухоплови како Ербас А340. Употребата на трите писти дозволува ефикасно чистење на снег и мраз во текот на зимските месеци, што дозволува аеродромот да остане отворен.[11]
Сервис
Следниве агенти обезбедуваат услуги за авиопревозници:[12] Airpro, Inter Handling, ISS Aviation, Servisair, Groundpower и Swissport.
Постојат неколку аеродромски хотели и деловни згради на аеродромот. Авијаполис е нов меѓународен бизнис парк во близина на аеродромот, веќе дом на бројни компании околу аеродромот. Неколку хотели се сместени близу аеродромот исто така.
Писта 33 на Хелсиншкиот аеродромПоглед на терминалот 2Боинг 737-800 на Norwegian Air Shuttle на Хелсиншкиот аеродромБоинг 767-300ЕР на American Airlines на Хелсиншкиот аеродром
Годишна статистика за патници на Хелсиншкиот аеродром[13]
Година
Домашни патници
Меѓународни патници
Вкупно патници
Промена
1999
2.803.907
6.760.931
9.564.028
+2,2% ▲
2000
3.042.914
6.967.234
10.010.148
+4,7% ▲
2001
2.999.672
7.031.246
10.030.918
+0,2% ▲
2002
2.747.862
6.862.025
9.609.887
−4,2% ▼
2003
2.684.618
7.026.302
9.710.920
+1,1% ▲
2004
2.836.852
7.893.125
10.729.977
+10,5% ▲
2005
2.804.304
8.326.285
11.130.589
+3,7% ▲
2006
2.927.627
9.220.154
12.147.781
+9,1% ▲
2007
2.875.289
10.215.455
13.090.744
+7,8% ▲
2008
2.700.350
10.726.551
13.426.901
+2,2% ▲
2009
2.372.844
10.218.762
12.591.606
−6,3% ▼
2010
2.208.521
10.674.878
12.883.399
+2,2% ▲
2011
2.707.044
12.158.827
14.865.871
+15,5% ▲
2012
2.693.151
12.165.064
14.858.215
−0,1% ▼
2013
2.431.632
12.847.411
15.279.043
+2,8% ▲
Товар и пошта
Товарен/Растоварен товар и пошта (тони, кг) Аеродром Хелсинки[14]
Година
Домашен товар
Домашна пошта
Меѓународен товар
Меѓународна пошта
Вкупно товар и пошта
Промена
2005
4.692
5.251
115.734
9.627
135.303
+1,9% ▲
2006
4.145
5.469
126.332
9.098
145.044
+7,2% ▲
2007
3.171
5.676
139.840
14.961
154.801
+6,7% ▲
2008
2.968
4.435
140.572
9.532
157.508
+1,8% ▲
2009
1.322
2.161
110.382
8.243
122.107
−22,5% ▼
2010
1.083
1.992
147.139
7.793
158.007
+29,4% ▲
2011
615
2.464
157.178
9.962
169.985
+8,0% ▲
2012
1.747
1.930
180.426
8.100
192.204
+12,8% ▲
Сообраќаен пристап
Железница
Железничката станица Тикурила
Поврзувајќи го аеродром со честата локална автобуска линија со број 61 на Хелсиншкото јавно сообраќајно претпријатие или такси до железничката станица Тикурила обезбедува пристап до приградските возови како и регионални возови до Тампере и Лахти, вклучувајќи линии до Санкт Петербург и Москва. Автобусот со број 540 ја поврзува железничката станица Еспо со аеродромот.
Изградбата на кружната железничка линија до аеродромот започнала во мај 2009 година, со предвиден рок за завршување кон средината на 2015 година. Новата железница ќе ги опслужува локалните приградски возови кои ќе поминуваат на секои десет минути во најгустите периоди. Патувањето од подземната станица по моменталната терминална зграда до главната железничка станица во Хелсинки ќе трае околу 30 минути. Патниците ќе имаат пристап до други возови на Тикурила, 8 минути оддалечена од аеродромот.[15]
Автобуси
Постојат вообичаените автобуски линии 615 и 620 до главната железничка станица во Хелсинки на секои 30-55 минути и до поголемите хотели и железнички станици во метрополитенската област на Хелсинки на секои 12-120 минути. Главниот управител на овие автобуси е Хелсиншкото сообраќајно претпријатие под брендот „ХСЛ“. Директната услуга од Finnair е исто така достапен до и од центарот на градот (обично на околу 30 минути).
Наводи
↑„EFHK Helsinki-Vantaa“(PDF). AIP Финска. Finavia. 17 декември 2009. стр. EFHK AD 2.1, pp. 1–7. Архивирано од изворникот(PDF) на 2016-08-09. Посетено на 19 февруари 2010.