Базел IIБазел II (англиски: Basel II) или Нова базелска спогодба, е наследник на првата Базелска спогодба за капиталот. Taa e комплексна методологија за утврдување на адекватноста на капиталот, којашто во голема мера одговара и произлегува од тековните состојби на меѓународните финансиски пазари. Имено, појавата и развојот на новите банкарски производи и инструменти и новите методи за управување со банкарските ризици наметнале потреба за сериозни промени во Капиталната спогодба од 1988 година, со која се воспоставуваат основните принципи за утврдување на потребниот износ на капитал за покривање на ризиците на кои е изложена една банка во своето работење. Како резултат на ваквите движења и промени, Базелскиот комитет за банкарска супервизија во 1999 година го започнал процесот на ревизија на Капиталната спогодба, заради развивање на нова рамка за утврдување на капиталната база.[1] Новите правила биле ревидирани во јануари 2001 и во април 2003 година, а исто така, биле направени неколку квантитативни студии за ефектите кои предложените правила би ги имале врз банките.[2] Во јуни 2004 година, Базелскиот комитет го усвоил конечниот текст и го објавил документот „Базел II: Меѓународнa конвергенција за мерење на капиталот и капитални стандарди: ревидирана рамка“ (International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: А Revised Framework),[3] а во јуни 2006 година, Комитетот го објавил документот „Базел II: Меѓународнa конвергенција за мерење на капиталот и капитални стандарди: ревидирана рамка-сеопфатна верзија“ (International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: А Revised Framework - Comprehensive Version)[4] чија службена примена почнала во 2007 година. Цели на Базел IIНовата капитална спогодба, Базел II, пред себе ги поставила следните цели:
И покрај настојувањата да се следат овие цели, сепак постојат одредени отстапувања во поглед на потребната големината на капиталот. Структура на Базел IIСтруктурата на Базел II ја сочинуваат три столба, дефинирани како: минимум потребен капитал, супервизија и пазарна дисциплина.[5][6] Прв столб: Минимален потребен капиталВо првиот столб се дефинираат основните компонетите коишто се користат за утврдување на адекватноста на капиталот: гарантниот капитал и активата пондерирана според ризикот. Новата капитална рамка предвидува промени во начинот на утврдување на ризично-пондерираната актива, додека начинот на утврдување на гарантниот капитал останува ист како и во постојната капитална рамка. Промените во утврдувањето на ризично-пондерираната актива се однесуваат на промени во третманот на кредитниот ризик и на вклучувањето на оперативниот ризик. Кредитен ризикЗа пресметка на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик, Базел II предлага три пристапи:[7][8]
Стандардизираниот пристап претставува варијанта на пристапот од Базел I, меѓутоа предвидува поширока лепеза на пондери за кредитниот ризик, во зависност од видот на кредитната изложеност (држави, банки, фирми, итн.), а притоа пондерите зависат од кредитниот рејтинг на должниците.[7] Табела 1: Пондери за ризик на кредитната изложеност кон држави, банки и претпријатија[9][10]
При примената на пристапот на внатрешно рангирање, банката најпрвин треба да ги класифицира сите кредитни изложености во следниве групи: држави, банки, фирми, банкарство на мало, проектно финансирање и капитални вложувања. Двата пристапа засновани врз внатрешниот рејтинг им дозволува на банките самите да го пресметаат кредитниот ризик со употреба на нивните внатрешни модели. Притоа, овие два пристапа вклучуваат пресметка на неколку елементи: веројатноста за неплаќање (Probability of default, PD), загубата во случај на неплаќање (Loss given default, LGD), изложеноста во случај на неплаќање (Exposure at default, EAD) и делотворната рочност (Maturity). Притоа, во основниот пристап, банките сами ја пресметуваат само веројатноста за неплаќање врз основа на податоците за најмалку пет години, додека другите елементи се зададени од страна на супервизорот. Во напредниот пристап, банките ги пресметуваат сите елементи врз основа на податоците за најмалку седум години. Исто така, во напредниот пристап, банката сама ја одредува делотворната рочност на кредитната изложеност, додека во основниот пристап се применува единствен урнек за сите изложености. За да ги применат двата напредни пристапа, банките мора да исполнат определени услови, зададени од страна на супервизорот.[7][11] Оперативен ризикВклучувањето на оперативниот ризик во основата за пресметка на капиталната база, претставува една од најзначајните новини на Базел II. Оперативниот ризик е многу значаен ризик на којшто се изложени банките, поради што тие треба да имаат соодветна заштита од евентуалните загуби коишто би можеле да настанат како резултат на овој ризик. Оттука, предвидена е примена на три различни методологии за вклучување на оперативниот ризик во утврдувањето на капиталната база:[12]
Според првиот пристап, потребниот капитал за покривање на оперативниот ризик се пресметува така што просечниот годишен бруто-доход на банката во претходните три години се множи со 0,15. Вториот пристап е сличен на првиот, меѓутоа наместо единствениот пондер од 15% се предвидени различни пондери за одделните деловни линии на банката. Според третиот пристап, банката применува сопствен модел за пресметка на загубата од оперативен ризик при ниво на доверба од 99,9%.[12] Регулаторен капиталВо однос на пресметката на регулаторниот капитал, Базел II прави разлика меѓу три нивоа на капитал:[13]
Во продолжение, при пресметката на регулаторниот капитал, некои ставки се одбиваат од горните три нивоа на капитал. На пример, такви ставки се: гудвилот, вложувањата на банката во подружници (под одредени услови), вложувањата во капиталот на други банки итн.[14] Втор столб: Надзор над адекватноста на капиталотВториот столб се однесува на процесот на супервизија на адекватноста на капиталот, како и на моделите и методите кои банките ги користат за управување со ризиците. Институциите за супервизија треба да утврдат дали банките формираат адекватен капитал во согласност со прописите. Овие институции ги контролираат и интерните методи кои банките сами ги создале и усвоиле. Тие обично очекуваат од банките да ја одржуваат адекватноста на капиталот на ниво повисоко од пропишаното, минималното, односно на ниво кое одговара на ризиците на кои е изложена конкретната банка. Така, супервизорите треба да ги поттикнат банките самостојно да ги мерат и контролираат ризиците, преку изградба на внатрешни системи, процедури и стратегии. Исто така, вториот столб разработува некои прашања што не се опфатени со првиот столб, како:
Понатаму, во овој столб се дефинира процената на исполнетоста на условите за примена на напредните методи за мерење на потребниот капитал. Најпосле, вториот столб дефинира четири клучни супервизорски принципи:[15][16][17]
Трет столб: Пазарна дисциплинаТретиот столб ја истакнува големата улога на пазарот во контролата на профилот на ризичност на банките. Тој се однесува на принципите на пазарна дисциплина, кои ги обврзуваат банките да ги објавуваат во јавноста сите релевантни информации за ризиците на банката. Овие информации им даваат можност на останатите учесници на пазарот да имаат увид и оценка за управувањето со ризиците и капиталот на банката. Утврдена е и обврска ваквите информации да се обелоденуваат годишно или полугодишно, а некои банки тоа го прават и квартално, преку објавување на соодветните политики кои ги води банката, целите, управувањето со ризикот и слично. Финансиските извештаи што ги објавуваат банките мора да бидат потпишани од надворешните ревизори и да бидат составени според меѓународно прифатените сметководствени стандарди. Банките што котираат на берзата треба да објавуваат и дополнителни информации во согласност со барањата на самата берза. Во однос на објавувањето информации, третиот столб го насочува вниманието кон структурата на капиталот, изложеноста на ризиците и адекватноста на капиталот на банката. Притоа, третиот стол бара овие информации да бидат „материјални“, т.е. оние информации „чие необјавување или погрешно објавување може да ја промени или да влијае врз процената или врз одлуката на корисникот што се потпира врз тие информации во економското одлучување“. Според третиот столб, повеќето банки треба да ги објавуваат информациите шестмесечно, со три исклучоци: малите банки со стабилен профил на риизчност може да ги објавуваат информациите еднаш годишно, големите меѓународни банки треба квартално да ги објавуваат информациите за адекватноста на капиталот и за капиталот од нивото 1, додека општите информации за политиките и процедурите може да се објавуваат еднаш годишно.[18] Базел II препорачува банките посебно да ги објавуваат годишните извештаи и извештаите за супервизорските органи. Третиот столб се однесува како на квантитативните така и на квалитативните информации, а тие треба да ги опфатат бакарските групи и подружниците, структурата на капиталот и адекватноста на капиталот. Квалитативните информации за профилот на ризчноста треба да ги опфатат целите и политиките за управување со ризиците, организацијата на функцијата за управување со ризиците и употребата на техниките за заштита од ризиците. Квантитативните информации за профилот на ризичноста треба да ги опфатат следниве прашања: кредитната изложеност според главните производи; географската, секторската и рочната распределба на кредитната изложеност според главните производи; како и кредитите, резервациите и отписите според секторите, географските области и клиентите. Најпосле, банките со изложеност на каматен ризик во банкарската сметка треба да објават информации за моделите со кои ја вршеле пресметката.[19] Стапка на адекватност на капиталотВо однос на пресметката на стапката на адекватност на капиталот, Базел II бара, покрај кредитниот и пазарниот ризик, банките да обезбедат соодветно ниво на капитал и за покривање на оперативниот ризик. На тој начин, стапката на адекватност на капиталот според Базел II се пресметува така што капиталот на ниво 1, 2 и 3 се дели со збирот на кредитниот, пазарниот и оперативниот ризик. Минималната стапка на потребниот капитал за покривање на ризиците е утврдена на 8%.[20] Базел II и глобалната финансиска кризаУлогата на Базел II, пред и по глобалната финансиска криза, била предмет на постојана дискусија. Како резултат на глобалната финансиска криза којашто започнала во 2007 година некои истакнувале дека таа всушност ги покажува недостатоците на рамката на Базел II, а други, пак, ја критикувале за зголемување на ефектите од кризата. Во претходните неколку години националните финансиски регулатори и меѓународните финансиски организации преземале значајни активности за зајакнување на финансискиот систем и зголемување на неговата отпорност. Како дел од тие активности, од особено значење се активностите на Базелскиот комитет за банкарска супервизија. Од појавата на кризата до денес, Комитетот изработил повеќе предлози за унапредување на постојната капитална рамка и зајакнување на прудентните стандарди и направил измени во различни делови од спогодбата. Во таа насока се и последните измени на Базелската капитална спогодба, познати како Базел III, коишто ги усвоил највисокиот орган на Базелскиот комитет во август и септември 2010 година. Комитетот тврдел дека новите стандарди ќе водат кон подобар квалитет на капиталот, зголемена покриеност на ризикот и зголемена ликвидност покрај останатите придобивки.[1] Ноут Велинк, поранешен претседател на Комитетот, во 2009 година напишал статија во која ги истакнал стратешките активности кои треба да ги преземе Комитетот како одговор на настанатата криза. Тој предложил поцврста регулаторна рамка која се состои од пет клучни компоненти:
Базел II.5За време на светската финансиска криза се наметнала потребата од определени промени во пресметката на капиталот за покривање на пазарниот ризик. Овие промени, познати како Basel II.5, вклучувале три области:[21]
Всушност, уште во 2005 година, Базелскиот комитет предложил да се воведе дополнителен надомест за кредитниот ризик (incremental default risk charge) кој се пресметува со ниво на доверба од 99,9% и временски хоризонт од една година на финансиските инструменти во трговската книга кои се чувствителни на кредитниот ризик. Во 2008 година, Базелскиот комитет направил дополнителна промена со која се опфаќаат и промените на кредитниот рејтинг, проширувањето на крединиот распон и ризикот од неликвидност, па претходниот показател бил наречен дополнителен надомест за ризикот. Во февруари 2011 година, Базелскиот комитет направил ревизија на регулативата за мерење на пазарниот ризик, со барање, покрај вообичаениот ВаР, банките да пресметаат и ВаР во стресни услови, а тоа е ВаР пресметан врз основа на движењето на пазарните варијабли во текот на 250 денови во кои владееле нарушени пазарни услови. Овие два вида ВаР се комбинираат со што се добива вкупниот капитал за покривање на пазарниот ризик.[22] Подоцна, во мај 2012 година, Базелскиот комитет објавил консултативен документ, предлагајќи големи промени во однос на пресметката на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик. овие промени се познати како „Фундаментален осврт врз трговската книга“ (Fundamental review of the trading book). Откако биле примени коментари од пазарните учесници, во октомври 2013 година, Базелскиот комитет објавил втор консултативен документ, а по дополнителните прибрани коментари, во декември 2014 година ја објавил и Студијата за квантитативното влијание (Quantitative impact study). Притоа, капиталот за покривање на пазарниот ризик не се заснова врз ВаР со ниво на доверба од 99%, туку врз очекуваниот кусок (expected shortfall) пресметан со интервал на доверба од 97,5% во текот на 12-месечен стресен период. Исто така, се бара 10-дневниот период пропишан со Базел I и со Базел II.5 да биде променет така што ќе ја земе предвид ликвидноста на пазарните варијабли за време на пет временски периоди: 10 дена, 20 дена, 60 дена, 120 дена и 250 дена.[23] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia