Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 – плејоф (ОФК–КОНМЕБОЛ) било фудбалско натпреварување, односно два натпревари од дополнителните квалификации помеѓу победникот на 3. круг на квалификациите на ОФК конфедерацијата Нов Зеланд, и петопласираната екипа во квалификациите на КОНМЕБОЛ конфедерацијата Перу. Натпреварите од плејофот биле одиграни на 11 и 15 ноември 2017 година.[1] Перу победил со вкупен резултат 2–0 и се квалификувал за Светското првенство.
Преглед
Нов Зеланд третпат по ред настапил во дополнителниот интерконтинентален бараж за Светско првенство. Во баражот 2009 година биле поуспешни од Бахреин, додека четири години подоцна биле поразени од Мексико. За разлика од Нов Зеланд, за Перу ова бил прв интерконтинентален бараж.[2]
Прв натпревар
Втор натпревар
Наводи
Надворешни врски