Пласман на Светското првенство обезбедиле 4 репрезентации: победникот во квалификациите Бразил, потоа Уругвај, Аргентина и Колумбија. Петопласираната репрезентација Перу обезбедила учество во баражот, преку кој со победа над Нов Зеланд се пласирала на превенството.
Формат на натпреварување
Структурата на квалификациите останала иста како и во претходните пет изданија на квалификациите на конфедерацијата КОНМЕБОЛ. Десет екипи играат по Бергеров ситем на натпреварување. Четирите најдобри екипи се квалификувале за Светското првенство 2018, додека петтопласираната екипа играла интерконтинентален бараж против репрезентација од ОФК конфедерацијата.
За разлика од претходните квалификации на кои однапред бил одреден распоредот, распоредот во овие квалификации бил одреден со извлекување на 25 јули 2015 во 18:00 МСК (UTC+3) во Санкт Петербург, Русија.[2]
Причина за распоредување, Аргентина и Бразил автоматски биле позиционирани како тим 4, односно како тим 5, како би се осигурало ниеден друг тим да не би играл против овие два тима едноподруго во таканаречено двојно коло.[3] Преостанатите осум тимови биле распоредени во преостанатите осум места со извлекување од 1 до 10 (освен 4 и 5).
Учесници во квалификациите
Сите репрезентации членки на КОНМЕБОЛ конфедерацијата учествувале во квалификациите за СП 2018.[4]
^ Натпреварот Аргентина - Бразил првобитно бил закажан за 12 ноември 2015 во 21:00 (UTC−3), меѓутоа бил одложен поради лошите временски услови.[8]
^ Натпреварот Боливија - Перу е регистриран со службен резултат 0–3, иако првобитно натпреварот завршил со победа на Боливија од 2–0. Нелсон Кабрера, фудбалерот на Боливија, немал право на настап во овој натпревар и затоа тој е регистриран со службена победа на Перу со 0–3.[9]
^ Натпреварот Чиле - Боливија е регистриран со службен резултат 3–0, иако првобитно натпреварот завршил нерешено 0–0. Нелсон Кабрера, фудбалерот на Боливија, немал право на настап во овој натпревар и затоа тој е регистриран со службена победа на Чиле со 3–0.[9]