Осумдесет и второ доделување на наградите Оскар
82. доделување на наградите на академијата, презентирано од американската Академија за филмски уметности и науки (АМПАС), ги призна најдобрите филмови од 2009, а се одржи на 7 март 2010 во Кодак театарот во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија започнувајќи во 17:30 PST/20:30 EST (01:30 UTC, 8 март). Церемонијата се одржа малку подоцна по вообичаеното одржување кон крајот на февруари за да избегне совпаѓање со Зимски олимписки игри 2010.[6] Во САД церемонијата се емитуваше на ABC. Глумците Алек Болдвин и Стив Мартин го водеа шоуто. Мартин по третпат, претходно водејќи ги 73. и 75. доделување, додека Болдвин го водеше за првпат. Ова е првото емитување кое има повеќе водители уште од 59. церемонија.[7] Како и да е, најавувачот Џина Татл го најави најголемиот дел од презентерите. На 24 јуни 2009, претседателот на академијата Сид Генис на прес-конференција најави дека 82. церемонија ќе вклучи десет номинации за најдобар филм наместо пет,[8] обичај последен пат практикуван во 1943. На 20 февруари 2010 на церемонија во хотелот Беверли Вилшир во Беверли Хилс, Калифорнија, Оскарите за технички достигнувања беа презентирани од Елизабет Бенкс.[9] Наредникот Џејмс освои шест награди, вкучувајќи ги тие за најдобар филм и најдобар режисер за Кетрин Бигелоу, првата жена што има освоено награда за најдобар режисер.[10] Други поважни добитници се Аватар со три награди, и Лудо срце, Скапоцена: Заснован на романот „Потурната“ од Сафир и Нагоре, со по две награди. Номинации и победиНоминираните за 82. доделување беа објавени во живо на 2 февруари 2010 во 5:38 PST (13:38 UTC) во Samuel Goldwyn Theater во Беверли Хилс, Калифорнија, од страна на Том Шерак, претседател на академијата, и глумицата Ен Хатавеј. Филмовите Аватар и Наредникот Џејмс имаат највеќе номинации, односно по девет номинации и двата. Победниците беа објавени за време на церемонијата на 7 март 2010.[11] Оскар за животно делоМемориал награда Ирвинг Г. ТалбергГлавни номинации![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |- Број на номинации
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia