Света Луција
Света Луција (англиски: Saint Lucia, француски: Sainte-Lucie) — островска држава во Средна Америка, поточно дел е од Карипските Острови Мали Антили. Источно до државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно од државата се наоѓа Карипското Море. Северно од Света Луција се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно се наоѓа Барбадос и јужно се наоѓа зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на земјата изнесува 620 км2 каде живеат околу 160.000 жители. Главен град на Света Луција е Кастри. Први колонизатори на Света Луција биле Французите. Тие потпишале договор со месното население во 1660 година. Во периодот од 1663 до 1667 година Света Луција била преземена од Велика Британија, но долг период владеењето на островот се менувал помеѓу Франција и Велика Британија. Во 1814 година Битанија конечно воспоставила целосна власт на островот. Својата независност Света Луција ја добила на 22 февруари 1979 година.[3] Света Луција е член на Комонвелтот на нации и на Франкофонијата.[4] Потекло на поимотИмето на државата потекнува од Света Луција од Сиракуза. Ова име го дале Французите кога за првпат пристигнале на островот. ИсторијаГеографија и клима![]() Света Луција се наоѓа во Средна Америка и е дел од Малите Антили. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западо се наоѓа Карипското Море. На север од државата се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно е Барбадос и јужно е зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на Света Луција е620 км2 каде живеат околу 173.765 жители. Вулканскиот остров Света Луција е со најмногу планини одошто кој и да било останат карипски остров. Највисок врв во Света Луција е Маунт Гими со 950 метри надморска височина. Главен град на државата е Кастри каде живее една третина од населението. Климата во Света Луција е тропска, со повремени ветрови. Околу брегот на Света Луција има неколку мали островчиња и карпи. Политички системСвета Луција е уставна монархија и на чело на државата е кралот Чарлс III. Кралот на островот е претставена од генералниот гувернер на Света Луција. Извршната власт во државата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Наромално, премиерот е водач на победничката партија на парламентарните избори за пратеници во собранието. Собранието на Света Луција има капацитет од 17 пратенички места. Покрај собранието, Света Луција има и сенат кој има капацитет од 11 членови. Судската власт, уставно, во Света Луција е назависна. Административна поделбаСвета Луција е поделена на 10 четврти, кои некогаш биле нарекувани области за време на британската власт. Тие се:
Население, јазик и религија![]() Населението на Света Луција е со африканско потекло, односно 81% од населението. Исто така има значителен број мешано население кои претставуваат 11.9%, додека потоа следи индиска заедница со 2.4% и помала група на Европејци. Неспецифицирани жители бројат околу 3.1% од населението. Службен јазик на државата е англиски јазик, но атилскиот креолски јазик е зборуван од околу 80% од населението, кој почнува да се користи за книжевноста, музиката и оди кон официјално користиење.[6] Овој јазик произлегол од францускиот јазик, и мешавина од африкански јазици и карипски јазици. Околу 70% од населението на Света Луција се католици. остатокот се адвентисти, англиканци, евангелисти, растафаријани и баптисти.[7]
Култура![]() Културата на Света Луција е под силно влијание на африкански, француски и англиски културни елементи. Познати фестивали во Света Луција се Ла Роз и Ла Маргарет. Исто така во Света Луција се одржува и традиционален карневал. Во однос на населението и според Нобеловци од Света Луција, државата спаѓа во групата на земји со најголем број на добитници на Нобелова награда. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia