Јакоб Бернули![]() Јакоб Бернули, познат и како Жак Бернули (27 декември 1654 – 16 август 1705), бил швајцарски математичар кој потекнува од истакнато семејство математичари. Тој бил познат по бројните придонеси во математичката анализа (калкулус) и заедно со својот брат Јохан Бернули биле едни од основачите на анализата на варијации. Неговиот најзначаен придонес е во областа на теоријата на веројатност, каде што ја дал првата верзија на законот за големи броеви во својот труд Ars Conjectandi.[1] ЖивотописЈакоб Бернули е роден во Базел, Швајцарија. Под притисок на своите родители се запишал на студии по теологија, успешно ги завршил и потоа работел во министерството. Но, не можејќи да ги игнорира своите желби продолжил и на студии по математика и астрономија, па патувајќи низ Европа за да ги проширува своите знаења под влијание на учењата на водечките научници во овие области на тоа време Худ, Роберт Бојл и Роберт Хук, Бернули направил погрешна теорија на комети. Откако се вратил во својата татковина започнал да предава механика на Универзитетот во Базел во 1683. Наредната година се оженил со Џудит Ступанус и имале две деца. Во текот на истата деценија започнало неговото плодно истражување и кариера. Неговите патувања му овозможиле да воспостави кореспонденција со многу врвни математичари и научници од неговата ера, и истата ја одржува во текот на целиот свој живот. Во негово време, тој ги проучувал најновите откритија во математика, вклучувајќи го делото на Кристијан Хајгенс De ratiociniis in aleae ludo, Geometrie од Рене Декарт и додатоците на Франс ван Шотен во него. Исто така ги проучувал и Исак Бароу и Џон Валис водејќи се од својот интерес за бескрајната геометрија. Освен тоа, во периодот од 1684 и 1689 биле пронајдени голем дел од резултатите кои беа потребни за да се создаде Ars Conjectandi. Тој бил назначен за професор по математика на Универзитетот во Базел во 1687 и останал на оваа позиција до крајот на својот живот. Во тоа време започнал туторство на својот брат Јохан Бернули во областа на математика.[2]. Двајцата браќа заедно започнале да проучуваат калкулус создаден од Лајбниц во 1684, труд на диференцијални пресметки на Nova Methodus pro Maximis et Minimis, itemque Tangentibus, објавен во Acta Eruditorum. Исто така, тие ги проучувале публикациите на фон Чирнхаус. Мора да се разбере дека публикациите на Лајбниц за калкулус биле многу нејасни за математичарите во тоа време и дека браќата Бернули биле првите што се обиделе да ги разберат и применат Лајбницовите теории. Јакоб соработувал со својот брат на различни примени на калкулус. Но, атмосферата на соработка помеѓу двајцата браќа се претворила во соперништво, како кога почнала да се развива Јохановата математичка генијалност, потоа продолжила со меѓусебно напаѓање во печатот, па прераснала во поставување на тешки математички предизвици за да си ги измерат вештините и знаењето. Во 1697 нивниот однос целосно се срушил. Јакоб Бернули починал во 1705. Бернули избрал фигура на логаритамска спирала и мотото: “Eadem mutata resurgo.” – „Променет, а сепак ист, јас се раѓам повторно.” на неговата погребна плоча, спиралата направена од каменорезачите била во секој случај Архимедова спирала, „(Жак Бернули) напишал дека оваа спирала може да служи како симбол, или на храброст и постојаност во неволја, или на човечко тело, кое и покрај сите негови промени, дури и после смртта, ќе биде вратено во неговото точно и совршено себе.” Месечевиот кратер Бернули е исто така наречен во негова чест заедно со неговиот брат Јохан. Творештво![]() ПридонесиПрвите придонеси на Јакоб Бернули биле комплекс на паралели на логика и алгебра објавени во 1685, работа на веројатноста во 1685 и геометрија во 1687. Неговиот резултат во геометрија дал конструкција да се дели било кој триаголник на четири еднакви делови со две нормални прави. Во 1689 објавил важен труд за бесконечните низи и го објавил својот закон за големи броеви во теоријата на веројатност. Бернули објавил пет расправи во областа на бесконечните низи во периодот помеѓу 1682 и 1704. Првите две расправи содржеле многу резултати, како и основниот резултат дека постојат ... Веројатноста како мерлив степен на сигурност, неопходност и можност, морал наспроти математичко очекување, априорна и апостериорна веројатност, очекување на победа кога играчите се поделени според умешноста, земање предвид на сите достапни аргументи, нивно вреднување, нивна пресметана евалуација, закон за големи броеви... Бернули бил еден од најзначајните промотори на формалните методи на висока анализа. Елеганција ретко се наоѓа во неговиот метод на презентирање и изразување, но постои максимум интегритет. Бернулиеа распределбаБернулиевиот модел на распределба се одликува со случајна променлива Х која може да земе само една од алтернативните вредности: 0 или 1. Веројатноста случајната променлива да земе вредност 0 е q, а вредноста 1 е p, притоа p+q=1. Според тоа, веројатносната распределба на Бернулиева алеаторна променлива е:
Параметрите на Бернулиевата распределба се:
Бернулиевиот модел на распределба е дефиниран само со еден параметар:р. Оваа распределба е прикладна за експерименти со кои го тестираме јавувањето на еден настан, или спротивен настан: исправен или неисправен, успешен или неуспешен, машки или женски итн. Во секој од овие примери, во зависност од предметот на нашето истражување, едниот настан го означуваме како успех, а другиот како неуспех. Таквиот опит кој може да продуцира само два резултати, се нарекува Бернулиев опит. Важна генерализација на Бернулиевата распределба се однесува на случајот кога случаен експеримент со два можни исхода се повторува неколкупати и повторувањата се независни. Веројатностите овде може да ги утврдиме со користење на биномна распределба. Веројатноста од успех во еден поединечен експеримент е р и дека се спроведени n експеримети. Успехот би можел да биде кој било цел број од 0 до n, а ние сме заинтересирани за веројатноста за добивање на точно Х=х успеси во n експеримети. Биномната распределба, за разлика од Бернулиевата, е дефинирана со два параметри, n и p. И покрај аритметичката средина и варијансата, тука се пресметуваат и коефициент на асиметрија и коефициент на сплоснатост. За пресметување на веројатноста да се добијат х успеси во n опити се користи соодветен биномен образец.[3] Бројот еБернули ја открил математичката константа е проучувајќи го прашањето за заедничкиот интерес кој бара од него да ја пронајде вредноста на следниов израз, кој во суштина е бројот е: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia