Јеле Ванендерт
Јеле Ванендерт (холандски: Jelle Vanendert; р. 19 февруари 1985 во Нерпелт) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2007-2021. Учествувал на вкупно десет големи трки во текот на својата кариера.[1] Неговиот помлад брат Денис исто така е професионалец, кој возел за екипата Лото-Белисол во периодот 2012-2015 година. КариераВо 2011 година, Ванендерт покажал добра форма на Флеш Валон, каде завршил како шести. Потоа возел на Тур де Франс 2011, пред сè како помошник низ планините за колегата Јурген ван ден Брук. Меѓутоа, кога неговиот водач се откажал од трката, Ванендерт добил слобода и на етапата 14 нападнал од групата на кандидатите за генерален пласман и ја освоил етапата. Ванендерт завршил 20. во генералниот пласман и ја носел неколку етапи маичката за планински пласман. Ванендерт го предводел Лото-Белисол на Арденските класици во 2012 година и завршил втор на Амстел Голд Рејс, четврти на Флеш Валон и десетти на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Во август 2021 година, Ванендерт објавил дека ќе се повлече од натпреварувања на крајот на сезоната.[1] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
Распоред на резултатите на класиците
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се откажал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia