За настанокот на името на неготинското село Џидимирци во книгата „Тиквеш и Раец“ од 1914 од Воислав Радовановиќ, е запишано дека на левата страна на Вардар спроти вливот на Велика (Црна Река), е раселено селиштето Драдња, чиј еден дел од жителите христијани преселувајќи се под Кожуф го основале истоименото село Драдња, а близу до селиштето повторно се населило дел од неговото старо население заедно со Јуруци кои населбата ја нарекуваат Хаџи Демирли, подоцна под влијанието на христијаните преобразено во Џидимирци[2]. Во Македонија постои уште едно село со исто име во Џидимирци во Велешко кое е постаро и според пишаните средновковни извори има македонско словенско јазично потекло, кое под влијание на Турцизираниот изговор го добило денешното име, додека неготинското село Џидимирци има турско јазично потекло кое под влијание на македонскиот јазик и изговор го одбило сегашното име. Сето ова покажува дека иако настанокот и јазичното потекло на имињата се различни, со меѓусебното влијание на двете етнички и јазични групи тие се изедначиле и го добиле истото име кое што го носат и денес.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Македонски
Староседелци:Ташевци (1 к.) и Андовци (1 к.)
Доселеници:Деловци (1 к.) доселени почетокот на 19 век од селото Бојанчиште; Кимовци (1 к.) доселени биле почетокот на 19 век од селото Пепелиште; Лазарковци (2 к.) и Дафковци (1 к.) доселени биле во 19 век, непознато од каде; Димитријовци (1 к.) доселени биле во средината на 19 век од штипското село Пиперово; Кимевци (1 к.) доселени биле во 1860 година од велешкото село Горно Чичево; Јовановци (1 к.) доселени 1876 година од селото Пепелиште; Трајковци (1 к.) доселени во 1880 година од селото Дубљани; Панџовци (1 к.) доселени во 1890 година од велешкото село Градско; Мојсовци (1 к.) доселени во 1890 година од селото Вешје, а таму во 1865 година од селото Горни Дисан; Темелковци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Кукуричани, а таму во 1850 година од селото Градско; Јуруковци (1 к.) доселени во 1900 година од Вардар-Чифлик, а таму во 1850 година од селото Брусник; Темелковци (1 к.) доселени во 1902 година од селото Кукуричани, а таму во 1830 година од велешкото село Подлес; Мајсторовци (3 к.) доселени во 1906 година од Вардар-Чифлик, а таму во 1890 година од селото Пепелиште; Бошковци (1 к.) доселени во 1910 година од селото Куманичево; Горгијовци (1 к.) доселени се во 1915 година од Вардар-Чифлик, а таму од селото Патрик во штипско во 1896 година; Коцовци (1 к.) доселени се во 1915 година од Вардар-Чифлик, а таму во 1913 од селото Липа; Паламидовци (1 к.) доселени се во 1916 година од Неготино, а таму во 1860 година од Долно Чичево; Лазовци (1 к.) доселени во 1919 година од селото Драчевица.[10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Јован Лазарев (р. 25 неомеври 1947) — политичар, пратеник во Собранието и потпретседател на СПМ[11]