Пештерница
Пештерница — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во источниот дел од областа Тиквеш, од левата страна на Вардар, на подножјето на Конечка Планина. Селото е ридско на надморска височина од 420 метри. Од градот Неготино населбата е оддалечена 13 километри. ИсторијаСтопанствоНаселение
За време на Османлиското Царство во селото се населиле Турци - Јуруци, кои во минатото заедно со другите јуручки села од Тиквешијата, ја формирале тиквешката јуручка оаза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештерница живееле 110 жители, сите Турци.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци и 25 до 50 Власи.[3] Во 1953 година, во селото живееле 195 жители, од кои 109 Турци, 49 Власи, 1 Македонец и 43 останати. Иселувањето на турското население по Првата светска војна, а уште помасовно и во средината на педесеттите години од XX век, го зафатило и селото Пештерница, но е едно од селата кои потоа не продолжило да егзистира, ненаселувајќи го друго население. Во 2002 година, селото е целосно раселено и нема жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПештерница било турско село. Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1228 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. на селото Пепелиште.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 840 гласачи.[10] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоВо близина на селото постоеле селата Горни и Долни Промет кои биле уништени, а 20 семејства се иселиле во Турција.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia