Хансен станал професионалец во 2007 година, работејќи со доктор Лотар Хајнрих на Фрајбуршкиот универзитет.[2] Во 2012 година, Хансен станал втор Австралиец кој завршил на сите големи трки — Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања — во една календарска година. Тој бил единствениот возач кој успеал во овој подвиг во 2012 и 32. во велосипедската историја.[3] По етапата 12 на Џиро открил дека има скршена градна коска пред околу две недели, меѓутоа бидејќи заздравувала одлучил да продолжи да вози.[4] На Џиро бил слободен, додека на Тур морал да работи за Андре Грајпел (како предводник за спринтовите) и за Јирген ван ден Брук (да достигне добро место во генералниот пласман).[4]
Во 2013, Хансен рано се вдал во бегство на седмата етапа на Џиро д’Италија, етапа со бројни кратки и стрмни искачувања. Хансен се одвоил од другите членови на бегство и победил сам во Пескара во услови на пороен дожд со предност од над една минута во однос на групата зад него.[5] На етапата 19 на Вуелта а Еспања 2014, Хансен ја нападнал главната група на 4 километри пред целта и ја издржал неорганизираната потера за соло-победа.[6] Завршувајќи го Вуелта а Еспања 2015, негова тринаесетта голема трка по ред, со што го срушил 57-годишниот рекорд на Бернардо Руис за завршени последователни големи трки.[7] Со завршување на Џиро д’Италија 2018, го срушил својот сопствен рекорд со што станал единствен возач кој завршил 20 последователни големи трки.[8][9] Низата завршила на 20, откако Хансен не учествувал на Тур де Франс 2018.[10]
Како инженер, Хансен си ги создал своите патики и возел со нив на бројни трки. Исто така, напишал софтвер за неговата екипа Лото-Судал, кој управува со нивната логистика.[11]
Откако Лото-Судал одлучил да не му го продолжи договорот на Хансен на крајот на 2020 година, во октомври истата година објавил дека ќе стави фокус на ајронмен триатлон во 2021 година, откако претходно настапил на Ајронмен Флорида во 2019 година.[12][13] Ја завршил својата кариера во Светската турнеја откако завршил 26 големи трки од 29. трки кои ги започнал.
Во 2022 година, Хансен потпишал за австриската континентална екипа ВСА КТМ Грац.
↑ 4,04,1Birnie, L. (2012). The Grand Slam. In E. Bacon & L. Birnie (Eds.), The Cycling Anthology Volume One (pp. 148-161). London: Yellow Jersey Press.