Андре Грајпел
Андре Грајпел (германски: André Greipel; р. 16 јули 1982 во Росток, Источна Германија) — поранешен германски професионален друмски велосипедист,[2] кој возел професионално во периодот 2002-2021. По неговото пензионирање, Грајпел работи како спортски директор за континенталната екипа Предлошка:Cycling data SVL.[3] Грајпел настапувал како чист спринтер и освоил 158 победи во текот на професионалната кариера. Негови големи успеси се 22 етапни победи на големите трки: 11 етапи на Тур де Франс, 4 на Вуелта а Еспања и 7 етапи на Џиро д’Италија. Исто така, Грајпел го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Еспања 2009. Победил на класикот Париз-Бурж и го освоил генералниот пласман на австралиската трка Тур Даун Андер двапати, во 2008 и 2010 година. Професионална кариераТ-Мобајл Тим (2006–2010)Тур Даун Андер 2008 бил првиот голем успех за Грајпел. Го освоил генералниот пласман со тесна разлика од седум секунди пред домашниот возач Алан Дејвис од екипата UniSA. Исто така го освоил и бодовниот пласман, благодарение на импресивните четири етапни победи од можните шест.[4] Подоцна во сезоната, ја освоил својата прва Гранд Тур етапа на Џиро д’Италија. На Вуелта а Еспања 2009, Грајпел се натпреварувал како најдобар спринтер од Тим Колумбија-Хај Роад, добивајќи ги рамните етапи, тој го водел тимот, освојувајќи ги етапите 4, 5, 16 и 21 по групниот спринт. Исто така, ја освоил и престижната „зелена маичка“ во бодовен пласман. Грајпел ја завршил сезоната во 2009 со импресивни 20 победи, втор во победите, единствено зад неговиот екипен колега Марк Кевендиш.[5] Во 2010 ја започнал годината со неговата втора победа во генералниот пласман на Тур Даун Андер. Тоа го постигнал благодарение на трите етапни триумфи. Бонусите од четири секунди на победникот на секоја етапа му помогнале да дојде до врвот на подиумот.[6] Во април, Грајпел целосно доминирал на Трката околу Турција во поглед на етапните победи, постигнувајќи 5 победи од осум можни, вклучувајќи го и воведниот хронометар. Завршил осми на крајот и ја освоил маичката за бодовниот пласман.[7] Подоцна, ја освоил втората негова етапа на Џиро д’Италија. Омега Парма-Лото/Лото-Белисол (2011–2018)![]() Во 2011, по преместувањето во Омега Парма-Лото, ја имал првата победа на Тур де Франс на етапата 10, победувајќи го неговиот најголем соперник и поранешен совозач Марк Кевендиш.[8] Грајпел подоцна го освоил бронзениот медал на Светското друмско првенство во Копенхаген, откако завршил трет во масовниот спринт зад Кевендиш и Метју Гос, уште еден поранешен колега. 2012![]() На Тур де Франс, Грајпел и неговите колеги од Лото-Белисол имале големи надежи за етапни победи. Скоро да ја добиел етапата 2, каде бил поминат од Марк Кевендиш на самата линија и покрај тоа што имале „скоро совршен воз“ за негово донесување на целта.[9] На следната етапа со масовен спринт (Етапа 4 во Руан), се случил пад на нешто помалку од 3 километри пред целта, во кој бил вклучен и Кевендиш помеѓу останатите. Грајпел се одвоил по самата несреќа и го освоил спринтот, победувајќи ги Алесандро Петаки (Лампре-ИСД) и Том Велерс (Аргос-Шимано).[10] Грајпел го повторил овој подвиг следниот ден на етапата 5, каде ја освоил неговата втора етапна победа по ред, кога групата ги достигнала членовите на бегството во последниот километар. Кевендиш бил дел од спринтот, но овојпат завршил петти.[11] Тој повторил победил на етапата 13, преживувајќи го краткото, но стрмно искачување од трета категорија Мон Сен Клер, кое се наоѓало на 23 километри од целта, по што се одвоил во групата на рамниот дел. Неколку напади се случиле во последните километри, но тој го поминал Петер Саган на целта, со што ја освоил третата етапна победа на Тур.[12] Во август, Грајпел го освоил второто место зад победникот Арно Демар (ФДЖ-БигМет) на Ватенфал Класик, единствената трка од Светската турнеја, која се одржува во Германија, неговата родна земја.[13] Тој изјавил дека неподносливата жештина воопшто не помогнала на трката од 245,6 километри и дека неговиот „мотор имал проблеми со ладењето“.[14] Исто така, по трката најавил дека нема да учествува на Светското првенство во Лимбург, наведувајќи дека патеката не е наменета за неговите одлики.[14] Грајпел го освоил второто место на Трката околу Данска, откако ги освоил првите две етапи.[15] Во октомври, Грајпел дал мислење за аферата Ленс Армстронг-УСАДА: „[...] борбата против измамата и погрешно заработените успеси мора апсолутно да продолжи! Оваа борба за чесност и фер спорт веќе се докажала самата, дури и ако угледот на велосипедизмот продолжи да биде оштетуван“, напишал Германецот на неговиот блог, со поддршка за истрагата.[16] 2013Грајпел ја започнал сезоната 2013 успешно во Австралија преку освојување на класикот Кансер Кансил Хелплајн и првата етапа на Тур Даун Андер два дена подоцна. Со таа победа, Грајпел го израмнил рекордот по бројот на освоени етапни победи на оваа трка (12 победи), кој бил држен од Роби Мекјуан.[17] Ги освоил етапите 4 и 6, потврдувајќи го својот рекорд по бројот на освоени етапи и забележувајќи ја својата 100. победа во кариерата во Аделаида, на последниот ден од трката.[18] Во текот на третата етапа на Трката околу Турција му било соопштено дека починала неговата баба. Зборувал со своето семејство и одлучиле дека треба да продолжи. Следниот ден, ја освоил четвртата етапа, преживувајќи ги последните 10 километри во искачување за да излезе како победник во група од 38 возачи. По етапата објавил: „Тие (неговото семејство) ме поддржаа да останам овде и да возам. Исто така е добро за мене. Ова е важна трка за моите подготовки за Тур де Франс. Му ветив на татко ми дека ќе освојам етапа за баба ми. Среќен сум што успеав“,[19] Ја освоил и наредната етапа следниот ден.[20] На крајот на јуни го освоил националното друмско првенство пред Гералд Чолек и Џон Дегенколб. Бил дел од водечката група и победил во спринтот на врнежливиот ден во Ванген во Алгој.[21] 2014Во јануари, Грајпел ја започнал својата сезона со низа етапни победи во Австралија на Тур Даун Андер, што преминува во негова навика претходниве години.[22] Потоа настапил на Трката околу Оман, освојувајќи три етапи и бодовниот пласман.[23] Имал тежок пад на крајот на Гент-Вевелгем заедно со Тајлер Фарар, изместувајќи ја клучната коска и лигаментите. Бил успешно опериран истата вечер, но падот го попречил во пролетната тура.[24] Грајпел се вратил на Трката околу Турција, каде останал без победи откако сè уште се опоравувал од повредите и се обидувал да ја поврати својата форма.[25] Негова следна победа била на четвртата етапа на Трката околу Белгија. Подоцна учествувал на Трката околу Луксембург за да ја подобри својата форма пред Тур де Франс, каде освоил две етапи. На последната етапа, Грајпел сам стигнал до целта, редок подвиг за спринтер како него.[26] Пред Тур, Грајпел возел и на Стер ЗЛМ Тур. На Тур, имал успеш на шестата етапа откако соперниците Арно Демар и Марсел Кител отпаднале од главната група. Грајпел ги претекнал Александер Кристоф (Катјуша) и Самуел Димулен (Аг2р-Ла Мондијал) и стигнал до првото место.[27] 2015Грајпел ја освоил неговата прва победа во сезоната на Волта ао Алгарве. Втора негова победа била на втората етапа на Париз-Ница, која ја посветил на неговата мајка, за која рекол дека „поминува низ многу тешко време“.[28] Во април бил спречен во третата победа во сезоната откако бил претекнат за 3/10.000 делови од секундата на целта од Александар Кристоф на Три дена Де Пане.[29] На крајот на месецот се вратил со победа на четвртата етапа на Трката околу Турција. Откако некои од главните негови соперници се откажале на искачувањето близу целта го освоил спринтот во намалената група.[30] Негова следна победа била шестата етапа на Џиро д’Италија пред Матео Пелуки и Сака Модоло.[31] Потоа, се повлекол од Џиро пред четиринаесеттата етапа.[32] Следен успех му бил на првата етапа на Трката околу Луксембург.[33] На Тур де Франс, Грајпел бил победник на втората етапа, многу ветровита етапа, која ја поделила главната група. Бил во првата група и ги претекнал Петер Саган, Марк Кевендиш и Фабијан Канчелара.[34] На петтата етапа имало масовен спринт и Грајпел бил подобар од Саган и Кевендиш.[35] Исто така, го освоил масовниот спринт на крајот на петнаесеттата етапа, со што дошол до трета етапна победа.[36][37] 2016Грајпел освои три спринтерски победи на Џиро д’Италија пред да одлучи да се повлече пред планинските етапи. Ја носел црвената маичка, кога одлучил да се повлече.[38] На 26 јуни го освоил своето трето национално друмско првенство, поразувајќи го Макс Валшајд (Џајант-Алпецин) и Марсел Кител (Етикс-Квик Степ) во масовен спринт во Ерфурт.[39] 2017Грајпел имал успех на почетокот на сезоната 2017, освојувајќи ја првата победа на воведната трка на Предизвикот Мајорка кон крајот на јануари[40] пред да ја освои петтата етапа на Париз-Ница.[41] На Џиро д’Италија, Грајпел ја освоил втората етапа: собраните временски бонуси и третото место на воведната етапа му го донеле водството на трката, поради што ја носел розовата маичка по првпат во својата кариера.[42] Меѓутоа, подоцна имал суша со победи: на Тур де Франс, не успеал да освои етапа - првпат не освоил барем една етапа на големите трки од Џиро д’Италија 2008.[43] Не освоил друга трка до воведното издание на Омлоп Еурометропол на крајот на септември.[44] 2018Грајпеј ја започнал својата сезона во јануари со победа на првата етапа на Тур Даун Андер 2018.[45] Исто така, ја освоил шестата етапа на трката.[46] Бил принуден да се повлече од пролетните класици откако ја скршил клучната коска при пад на Милано-Санремо, но се вратил на трките по седум недели на Четири дена Динкерк,[47] каде освоил неколку етапи и освоил уште две етапи и бодовната маичка на Трката околу Белгија.[48][49] Меѓутоа, не ја имал истата форма на Тур де Франс, и морал да се повлече од трката откако завршил надвор од временската граница на една од алпските етапи. Подоцна, Лото-Судал објавиле дека по осум сезони со екипата, Грајпел ќе ја напушти на крајот на сезоната. Аркеа-Самсик (2019)Во август 2018 година, Грајпел објавил дека потпишал двегодишен договор со Фортунео-Самсик, подоцна преименувана Аркеа-Самсик од 2019 година.[50] Грајпел го имал својот прв настап за екипата на трката Ла Тропикал Амиса Бонго, каде освоил етапа.[51] Меѓутоа, Грајпел се мачел да биде конкурентен на спринтовите во поголемиот дел од сезоната. Во октомври 2019 година, Грајпел и екипата објавиле дека се согласиле да се прекине договорот една година порано, со што последен пат за екипата се појавил на Минстерланд Џиро. Грајпел, исто така, открил дека неговата форма во првата половина од сезоната била погодена од бактериска болест, од која страдал со месеци, опоравувајќи се пред Тур де Франс.[52] Израел старт-ап нејшн (2020–2021)Во ноември 2019 година, Израел старт-ап нејшн објавиле дека потпишале со Грајпел за сезоната 2020.[53] Ја започнал својата прва сезона со екипата во Австралија, настапувајќи на Тур Даун Андер, на Трката Торкеј и на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“, остварувајќи најдобар резултат со четврто место на четвртата етапа на Тур Даун Андер пред да се врати во Европа. Меѓутоа, во февруари 2020 година, Грајпел го скршил рамото при пад на тренинг близу Келн.[54] Повредата го спречила Грајпел од трки пред сезоната да се прекине поради пандемијата на КОВИД-19.[55] Во април 2021 година, Грајпел изјавил дека ќе се повлече во 2022 година.[56] Следниот месец ја освоил својата прва победа во две години на Трофео Алкудија, откако двапати завршил втор на етапи на Трката околу Турција во април.[57] Подоцна освоил етапа на Вуелта а Андалусија.[58] Во јули, пред претпоследната етапа на Тур де Франс, Грајпел објавил дека ќе се повлече од натпреварувањето на крајот на сезоната.[2] Негова последна трка била Минстерланд Џиро, каде завршил десетти.[59] Личен животТој моментално живее во Хирт, близу Келн во Германија. По неговата победа на Тур Даун Андер 2008, тој бил наречен „Горила“ од неколку различни спортски медиуми.[4] Достигнувања
Пласмани на големите трки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia