Азиз Санџар
Азиз Санџар (турски: Aziz Sancar, роден на 8 септември 1946) – турски и американски биохемичар и молекуларен биолог од областа на поправка на ДНК, проверка на ќелиските циклуси и биолошкиот часовник.[3] Во 2015 година доделена му е Нобеловата награда за хемија, заедно со Томас Линдал и Пол Модрич за нивните откритија во областа на поправка на ДНК.[4][5] Тој е соосновач на фондацијата „Азиз и Гвен Санџар“, која е непрофитна организација чија цел е да ја промовира турската култура и да ги поддржи турските студенти во САД.[6] Биографија и кариераАзиз Санџар е роден во средноимотно семејство во подрачјето (дистрикт) Савур во провинцијата Мардин, југоисточна Турција на 8 септември 1946 година.[7] Бил седмо од осумте деца на неговите родители кои биле неписмени, но полагале многу на образованието.[8] Азиз Санџар е дописен член на Турската академија на науките и на Американската академија на уметностите и науките.[9] Азиз Санџар е дописен член на Турската академија на науките и на Американската академија на уметностите и науките.[10] Неговото најдолго истражување ја опфаќа фотолијазата и механизмите на фотореактивација. Во својот инаугуративен труд, ги доловува неуловливите радикали на фотолијазата кои ги ловел скоро 20 години, со што обезбедува директна опсервација на фотоциклусот на поправка на димерот тимин.[11] Азиз Санџар бил избран во Националната академија на науки во 2005 година како прв турско-американски член. Тој е професор по биохемија на универзитетот Северна Каролина во Чапел Хил. Женет е со Гвен Боулс Санџар која е професор по биохемија и биофизика на истиот универзитет.[12] Заедно формирале турски центар во близина на универзитетот, кој обезбедува сместување за четворица турски истражувачи на универзитетот, услуги за краткотрајни посети на турски студенти, и центар за промоција на турско-американската размена.[6] ОбразованиеСанџар дипломирал на универзитетот Истанбул во Турција и докторирал на ензимот на фотореактивација на E. coli во 1977 година на универзитетот Тексас во Далас.[13] НаградиНобелова награда за хемија за 2015 година заедно со Томас Линдал и Пол Модрич за проучувањата на механизмите за поправка на ДНК.[4][5] Санџар е вториот турски нобеловец. Прв турски нобеловец е Орхан Памук кој исто така се образувал на универзитетот во Истанбул. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia