Такаки Каџита
Такаки Каџита (јапонски: 梶田 隆章; р. 9 март 1959) — јапонски физичар, познат по неговите опити со неутрина во опсерваторијата „Камиока“ при Институт за истражување на космичко зрачење и нејзиниот наследник, неутринската опсерваторија „Супер-Камиоканде“ кај Хида, Јапонија. Во 2015 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со канадскиот физичар Артур Мекдоналд. КариераРоден е во 1959 г. Хигашимацујама во префектурата Сајтама, средна Јапонија.[1] Дипломирал на Сајтамскиот универзитет во 1981 г. Докторските студии ги завршил во 1986 г. на Токискиот универзитет.[2], а од 1988 г. работи во Институтот за истражување на космичко зрачење при Токискиот универзитет, каде во 1992 г. станал асистент, а во 1999 г. професор.[3] Во 1999 г. Каџита е назначен за директор на Центарот за космички неутрина при Институтот за истражување на космичко зрачење (ICRR). Денес работи на Кавлиевиот институт за физика и математика на вселената во Токио и како директор на ICRR.[4] Во 1998 г. екипата на Каџита во „Супер-Камиоканде“ дошла до откритие дека, кога космичките зраци Земјината атмосфера, исходните неутрина меѓусебно се менуваат по варијанти пред да стигнат до апаратурата.[2][5] Со овој наод, Каџита го докажал постоењето на неутринска осцилација и дека неутрината имаат маса. Во 2015 г. за ова ја добил Нобеловата награда за физика заедно со канадскиот физичар Артур Мекдоналд, чија Неутринска опсерваторија Садбери дошла до слично откритие.[5] Работата на овие двајца научници го разрешиле долгогодишниото прашање зошто до Земјата стигнува само една третина од неутрината, со тоа покажувајќи ја слабоста на стандардниот модел, каде неутрината важат за безмасени.[5] На конференцијата по повод наградата, Каџита шеговито им се заблагодарил на неутрината, а и на космичките зраци кои ги произведуват.[6] Награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia